Samsung ќе продава обновени користени смартфони
Објавено на од во hi-tech & business

Бизнис моделот што одредени производители успешно го спроведуваат со компјутери, сега би можело да го прифати и Samsung, за своите мобилни телефони. Според извори на Reuters, корејската компанија би можела од следната година на пазарот да почне да нуди обновени (refurbished) мобилни телефони од високата класа, и тоа по значително пониски цени од оние за новите уреди.

Ќе се работи за смартфони што во Samsung ќе бидат вратени по една година користење, во состав на програмата за надградба што постои во Јужна Кореја и во САД. Овие телефони ќе поминат низ процес на обнова и потоа повторно ќе се продаваат по легалните канали. Уредите секако ќе имаат гаранција од Samsung, а купувачите ќе сметаат и на сите други погодности што се добиваат кога ќе се купи нов телефон.

Планот на Samsung e вака да се заштити од конкуренцијата што продава поевтини смартфони.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×