Samsung се шири кон фармацевтскиот пазар
Објавено на од во СВЕТ БИЗНИС И ФИНАНСИИ

Samsung 931Јужнокорејскиот технолошки џин ги обедини силите со јапонска Takeda

Имајќи ги предвид технолошките, регулаторните и правните проблеми со кои може да се соочи Samsung при развојот на нови лекови, промената на насоката може да се покаже долг и скап процес. Но, мотивот е голем кога се очекува продажбата на лекови со рецепти да расте за 6,5% во следните години, и пазарот да достигне 1.06 илјади милијарди долари во 2022 година

 

Корејскиот технолошки џин Samsung неодамна објави дека ќе се насочи кон производство на лекови, а на темата пишуваше Financial Times. Аналитичарите се на мислење дека компанијата има голем потенцијал за раст во овој сектор, иако за неа ова може да значи и ризично скршнување кон фармацевтската индустрија. Биофарамцевтското одделение Samsung Bioepis објави дека ќе ги обедини силите со јапонската Takeda Pharmaceutical за да развива лекови против недоволно истражени болести.

Одделението на Samsung постои од 2012 година, и досега беше фокусирано на производство на поевтини копии на биолекарства, но кои ја загубија ексклузивноста на пазарот откако роковите на соодветните патенти истекоа. Соработката со Takeda е сигнал за очекувана промена во стратегијата на Samsung. Од јужнокорејскиот џин сеуште не откриваат детали за партнерството, што го споменуваат во контекст на „споделување на ризикот“.

Првиот чекор на ризична територија

Аналитичарите го сметаат влегувањето на Samsung на прилично традиционалниот фармацевтски пазар како прв чекор на ризична територија.

„Со последната зделка може да се види дека Samsung е одлучен да развива нови лекови во зони што досега биле занемарени“, вели аналитичарот од Shinyoung Securities, Ум Јео Ин.

„Но, зделката е само прв чекор – ова попрво е начин компанијата да покаже дека нејзините планови за ширење стануваат сѐ поконкретни“.

Имајќи ги предвид технолошките, регулаторните и правните проблеми со кои може да се соочи Samsung при развојот на нови лекови, промената на насоката може да се покаже долг и скап процес. Според последните истражувања одвај еден од секои десет нови лекови ги поминува клиничките тестови до одобрување од владата. И покрај тоа потенцијалот останува огромен. Evaluate Pharma смета дека продажбата на лекови со рецепти ќе расте за 6,5% во следните години, и пазарот ќе достигне 1.06 илјади милијарди долари во 2022 година.

Слична е ситуацијата и со биотерапевтските лекови што се прават од живи клетки, а не се хемиски синтетизирани. Таму пазарот треба да достигне близу 390 милијарди долари кон почетокот на 2020 година, посочуваат податоците на BCC Research. Од Samsung Bioepis коментираат дека компанијата е уверена во навлегувањето на новиот пазар, како и во иднината на пазарот на биоподобни производи.

„Навлегувањето на овој пазар е цел за компанијата уште од почетокот, и во овој момент од развојот веруваме дека тоа е логичниот следен чекор“, се вели во изјавата на Samsung Bioepis.

Takeda, и уште партнерства

Samsung може да се насочи кон повеќе партнерства освен тоа со Takeda.

„Продолжуваме да бараме можности за заедничка работа со меѓународни фармацевтски и биотехнички компании“, пишува уште во изјавата од јужнокорејскиот џин. Првичниот фокус ќе биде на Takeda, која посветено работи во редица сфери, меѓу кои лекување на рак и невролошки терапии.

Takeda е најголемата јапонска фармацевтска компанија по приходи, но профитните маржи ѝ се релативно ниски. Компанијата има проблем веќе две декади, зашто не може да создаде лек што ќе се наметне на пазарот.

„Takeda има проблеми со продуктивноста и развојот на лекови. Имено, затоа тие бараат начин да ја променат оваа тенденција, така што ќе работат со други компании“, вели аналитичарот на фармацевтскиот сектор од USB Токио, Ацуши Секи.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×