Сашо Наумоски: Сите наши активности во корона – кризата се насочени кон доброто на вработените и граѓаните
Објавено на од во Интервју

VIK_2916Сашо Наумоски
генерален извршен директор на „Витаминка“ – АД Прилеп

Воведовме вонредни мерки за превенција и заштита на нашите вработени. Немавме никакви рационализации или кратење на трошоците. Токму спротивно, една од мерките што ги спроведовме за полесно справување со кризата повторно беше насочена кон нашите вработени со пакет производи и со награда на плата за оние кои постојано доаѓаа на работа на определени работни позиции. Во овој период и со цел полесно надминување на последиците од кризата, со сите наши активности во прв план ги ставивме вработените и граѓаните. Трошоците за реклама ги пренасочивме во хуманитарни цели, а инвестициите ги пролонгиравме за 2-3 месеци.

 

Фабриката за прехранбени производи „Витаминка“ од Прилеп е меѓу најголемите производители и извозници во овој сектор од земјава, со приходи од продажба во износ 41 милион евра минатата, 2019 година, што било пораст од 10% во однос на претходната. Годинава, поради корона – кризата почнаа посериозни мерки на рестрикции во Македонија од средината на март, месец кога „Витаминка“ немала за среќа промени во продажбите, но веќе во април, според зборовите на генералниот извршен директор Сашо Наумоски почнале да се чувствуваат последиците од државниот карантин и намалениот обем на работа, па приходите се помали за 20% во однос на истиот месец лани. Со г-дин Наумоски разговаравме за тоа како компанијата се справува со актуелнава криза предизвикана од пандемијата Ковид – 19 и кои се очекувањата и целите за периодот што следи.
-Дали Витаминка претрпе некакви штети досега од корона – кризата и во колкав обем се тие, во смисла на намалување на продажба во март – април, извоз, итн.?
Во месец март немавме пад, беше на исто ниво на ланскиот март, освен кај маслото за јадење „Брилијант“ каде имавме прилично зголемена продажба. Но април беше катастрофално лош. Прво, поради мерките за карантин, второ поради намалениот број на вработени работевме само во една смена, но и многу вработени од администрација ги ослободивме на принуден одмор. Завршивме со послаби резултати од лани за повеќе од 20%. Сепак, веруваме дека целата ситуација околу здравствената криза ќе заврши за брзо, па така поголемите негативни последици ќе изостанат, а евентуалните проблеми успеаваме да ги превенираме и навреме да реагираме.
Април беше катастрофално лош. Прво, поради мерките за карантин, второ, поради намалениот број на вработени – работевме само во една смена, но и многу вработени од администрација ги ослободивме на принуден одмор – април го завршивме со послаби резултати од лани за повеќе од 20%.
-Колку е генерално кондиторијата/прехранбената индустрија погодена од кризата, дали луѓето помалку или повеќе купуваат благо, на пример, кога се дома во карантин? Како се одразува тоа на вашето производство?
Потребите на граѓаните и навиките остануваат исти, оваа состојба засега не предизвика промени во однос на потрошувачката и на потрошувачките навики. Навиките не се менуваат лесно. Но, едноставно нема доволно време за купување во маркетите. Саботите и неделите никој нема да ги надомести. Секој влегува брзо, купува основни производи кои му фалат, и заминува. Недостасува потрошувачката од Хорека (хотели – ресторани – кафе барови, н.з.) секторот, кој ни е голем потрошувач. Исто така се чувствува страв, но и помали примања на потрошувачите. Едноставно голем број на луѓе останаа принудно дома, но и без работа. Па следствено на тоа, имаме намалена потрошувачка.
VIK_2873-Дали пандемијата влијаеше врз порастот на цените на некои клучни суровини за вашето производство, или пак, обратно, има тенденции на намалување на цените, како кај нафтата, поради помалата побарувачка, на пример?
Витаминка има одамна одлично воспоставен систем на снабдување со суровини и репроматеријали. Така што, целосната набавка на потребните суровини кај нас се одвива однапред. Сето она што зависи од светските берзи и глобалните пазари, може да го очекуваме во периодот што следи или како after shock ефект. Кај транспортот се случи некоја аномалија. Цената на нафтата паѓа, а цената на превозот се зголеми поради отежнатите услови за превоз. Кога целиот свет и сите пазари се наоѓаат во оваа ситуација, проекциите и очекувањата би биле премногу лабилни и хипотетички, за да може некој прецизно да ги предвиди тенденциите.
-Дали од извозните пазари се чувствува некаков притисок, најава за помали или откажани нарачки и сл.?
Редовно и постојано комуницираме со нашите дистрибутери и посредници од екс југословенските и од останатите земји во регионов каде продаваме наши производи, а во две соседни земји имаме и наши компании. Секаде се чувствува пад на продажбата. Извозот во април на овие пазари имаше голем пад, освен во Косово каде ја задржавме ланската реализација. Скоро во сите овие земји се води некоја кампања за купување на домашни производи. Што се однесува за подалечните пазари немаме откажување на нарачки.
Секаде во регионов се чувствува пад на продажбата. Извозот во април на овие пазари имаше голем пад, освен во Косово каде ја задржавме ланската реализација. Скоро во сите овие земји се води некоја кампања за купување на домашни производи. Што се однесува за подалечните пазари немаме откажување на нарачки.
-Какви мерки преземате вие како компанија периодов за надминување на последиците од корона – кризата? Мислам, пред се’ на кризни мерки од типот на рационализација, кратење трошоци, засилување на онлајн продажба, итн.?
Со цела одговорност кон нашите вработени, кон производството и потрошувачите, единствените кризни мерки што се презедоа во Витаминка се во насока на поголема безбедност и заштита. Се воведоа вонредни мерки за превенција и заштита на нашите вработени. Немавме никакви рационализации или кратење на трошоците. Токму спротивно, една од мерките што ги спроведовме за полесно справување со кризата повторно беше насочена кон нашите вработени со пакет производи и со награда на плата за оние кои постојано доаѓаа на работа на определени работни позиции. Во овој период и со цел полесно надминување на последиците од кризата, со сите наши активности во прв план ги ставивме вработените и граѓаните. Трошоците за реклама ги пренасочивме во хуманитарни цели, а инвестициите ги пролонгиравме за 2-3 месеци.
VIK_2929_resize-Како бизнис лидер и акционер на голема компанија, како ги оценувате досегашните антикризни мерки донесени од Владата? Кои би биле вашите клучни забелешки за тие мерки, дали се доволни, адекватни, навремени, итн.?
Да, државата во клучен момент истапи и ни помогна, кога проблем беше превозот на репроматеријали од други држави, ја олесни процедурата околу дозволи. Други мерки за прехранбената индустрија и големите компании досега не се предвидени од Владата. Така да, нема што да коментирам.
-Според вас, какви последици ќе остави пандемијата врз економијата на крајот, дали некои работи ќе бидат трајни променети во начинот на водење бизнис, па и начинот на живот, на крајот на денот?
Сигурно ќе се случат промени, односно тие веќе се случуваат. Индустријата ќе претрпи промени, но ние и така треба да се менуваме и да го следиме животниот тренд. Најголемите промени ќе бидат во начинот на живот и секојдневното однесување. По надминување на првичниот страв, сите ќе станеме повнимателни во однос на слободата со контактите и движењето. Уште долго време ќе се однесуваме како се’ уште да има здравствена закана. Здравјето и безбедноста ќе ни останат приоритет уште многу долго.
Индустријата ќе претрпи промени, но ние и така треба да се менуваме и да го следиме животниот тренд. Најголемите промени ќе бидат во начинот на живот и секојдневното однесување. По надминување на првичниот страв, уште долго време сите ќе останеме повнимателни во однос на слободата со контактите и движењето.
-Кои се клучните цели за работењето на вашата компанија до крајот на годинава, но и периодот потоа? Претпоставувам дека плановите и проекциите се променети, што ќе биде сега клучна цел?
Се соочуваме со неочекувана ситуација, што ќе предизвика промени во функционирањето на компаниите. Никој не можеше да ја претпостави ситуацијата. Треба да се адаптираме на моменталните потреби и така да се одвива производството. Имаме воспоставено континуирано производство што се одвива според побарувачката. Производствените капацитети ни се намалени, така работат непречено и досега без поголеми проблеми имаме соодветна дистрибуција насекаде. Имаме одговорност да го доставиме тоа што му треба на нашиот потрошувач, секаде и во секое време, и со најдобар рок на траење. Треба да овозможиме животните потреби да се задоволуваат непречено.
-Малку за делот на општествена одговорност… Какви акции и мерки презедовте досега како компанија за придонес кон пошироката заедница во напорите за надминување на последиците од корона – кризата?
Нашата општествената одговорност во овој период ја насочивме најмногу кон здравствениот сектор, така што досега имаме дадено повеќе од 80 илјади евра во донации. Дел се однесуваат на директна набавка на медицинска опрема, дел за средства за дезинфекција и помош со производи на ранливи категории на лица. Само за Министерството за здравство дониравме околу 30 илјади евра и тоа во медицинска опрема, медицински потрошен материјал, средства за дезинфекција, 1000 PCR тестови за COVID-19. Медицинска опрема дониравме и за Здравствениот дом во Прилеп. Имаме континуирани донации во средства, производи или финансиска помош на невладини организации, хуманитарни организации, здруженија и центри за лица со посебни потреби.
Ова е период кога компаниите треба да ја покажат својата солидарност и кон вработените и кон целата заедница, најмногу досега и да го дадат својот придонес со тоа што ќе се стават во служба на граѓаните и државата. Нашата улога, како производен субјект од прехранбена индустрија е клучна во многу аспекти, но пред сè да бидеме фокусирани да го поминеме овој период.

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×