Саудиска Арабија ќе почне да издава туристички визи
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Саудиска Арабија ќе почне да издава туристички визи. Целта на кралството е да привлече колку што може повеќе странци во државата каде се во тек длабоки економски и социјални реформи.

Издавањето визи ќе почне сосем набрзо, прецизираат претставници на официјален Ријад, а во моментов се работи на системот што ќе стои зад процесот.

Саудиска Арабија никогаш немала систем за издавање туристички визи. Во кралството може да се влезе со дозвола за поклоници, за аџилак, кои одат да ги посетат светите места за исламот.

Издавањето туристички визи ќе биде дел од програмата „Визија 2030“, со која престолонаследникот Мохамед бин Салман се обидува да ја диверзифицира економијата на државата, со тоа што ќе ја намали зависноста на Саудиска Арабија од нафтата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×