Саудискиот принц: Нафтата никогаш нема да се врати на 100 долари, тоа беше вештачка цена
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Цената на нафтата падна на 45,31 долари за барел, што е најниска цена во изминатите шест години. Но, се чини дека на падот на цените на нафтата како да му нема крај.

Саудискиот принц Ал Валед бин Талал во интервју за американскиот весник USA Today тврди дека цената на нафтата од 100 долари била вештачка и дека никогаш нема да се врати на тоа ниво, што на светските берзи се почуствува ако уште еден притисок за поевтинувањето на нафтата.

Според саудискиот принц ерата на скапа нафта од над 100 долари е минато. “Има преголема понуда, побарувачката остана иста, а сега почнува да се намалува заради забавувањето на светската економија. Тоа е добар рецепт за крах на цените”, вели саудискиот принц.

Цената на барел брент нафта прв пат ја надмина границата од 100 долари во 2008 година, а на почетокот на јуни минатата година барел чинеше 115 долари.Од тогаш почна надолниот тренд, па во следните шест месеци цената на нафтата беше преполовена.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×