“Сава Ре” го купи “НЛБ Пензиски фонд”
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

NLB 1Словенечката групација “Сава Ре”го купи НЛБ Нов Пензиски Фонд – друштвото кое управува со два приватни пензиски фондови во Македонија, а кое досега беше во сопственост на НЛБ д.д. и НЛБ Банка АД Скопје.
Уверени сме дека новиот сопственик со својата финансиска стабилност, како и експертизата и поддршката на моќната и стабилна Сава Ре Групација, дополнително позитивно ќе придонесе кон интересите на членовите на пензиските фондови управувани од НЛБ Нов пензиски фонд.
Вредноста на купопродажниот договор е деловна тајна, а двата фонда – задолжителниот и доброволниот „тежат“ 430 милиони евра.
„Повлекувањето од сопственоста на НЛБ Нов пензиски фонд во никој случај не значи повлекување од Република Македонија. Напротив, НЛБ Банка АД Скопје останува стратешки член на НЛБ Групацијата, каде што гледаме голем потенцијал за надградба на бизнисот, и со населението, и со корпоративниот сектор. Со Сава Ре, фондот добива соодветен стратешки сопственик од осигурителниот сектор, кој ќе обезбеди не само стабилност, туку и дополнителен развој на компанијата, како и до сега, во интерес на членовите на фондот. Трансакцијата е уште еден показател за големите словенечки интереси за соработката меѓу пријателските нации и забрзаната асоцијација на Република Македонија во Евро- Атланските структури“, изјави Блаж Бродњак, Претседател на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, при потпишувањето на договорот.
Во Македонија, и вториот и третиот пензиски фонд остваруваат континуиран раст и принос од 5% до 6 % на годишно ниво, познавачите велат со таква стапка за граѓаните е поисплатливо да ги инвестираат своите заштеди.
Од НЛБ велат дека се продава друштво кое повеќе не е дел од новата стратегија на компанијата. За купопродажбата да се реализира, се чека на одобрение од пензискиот регулатор – МАПАС.
Во рамки на реформите на пензискиот систем во Република Македонија, во 2005 година, НЛБ Банка АД Скопје ги искористи знаењето, моќта и тогашната позиција на пазарот и заедно со НЛБ д.д. Љубљана ја препознавме можноста и го основавме НЛБ Нов пензиски фонд, кој на наше огромно задоволство прерасна во уште една успешна приказна, покрај успехот на НЛБ Банка АД Скопје. Денес успешната приказна на НЛБ Нов пензиски фонд продолжува, со новиот сопственик Сава Ре, компанија од областа на осигурителниот бизнис, и уверен сум дека заедно ќе постигнеме уште поголеми успеси, раст и развој на пензиското осигурување во Македонија. Велам „заедно ќе постигнеме“ бидејќи соработката со Фондот во делот на понудата на неговите услуги и понатаму останува достапна преку продажните канали на НЛБ Банка АД Скопје.“

Во изминатите години, парите на идните пензионери, кои се членови во НЛБ Нов пензиски фонд се инвестираа во акции, обврзници, депозити дома и во странство. Просечниот принос од инвестициите заклучно со септември изнесува 6.34% во задолжителниот и 6.63% во доброволниот фонд, што е на приближно ниво со номиналниот принос на двата пензиски фондови со кои управува Комерцијална Банка.

Од Сава Ре уверуваат дека нивна долгорочна стратегија е да управуваат со парите на идните пензионери. Групацијата НЛБ донесе одлука за продажба во март годинава. НЛБ Нов пензиски фонд беше формиран во 2005 година.

“Сава Ре ги купува сите акции на пензискиот фонд НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, остварувајќи стратешки влез на македонскиот пазар на пензиско осигурување. Во согласност со нашата стратегија за развој, ние ја следиме нашата стратегија за раст и визија за градење на група за осигурување фокусирана на клиентите.

Ние се здобиваме со важна пензиска компанија со високо ниво на експертиза и бизнис стандарди. Долгогодишната успешна соработка со НЛБ Групацијата на македонскиот пазар ќе продолжи да расте и во иднина. Преку нашата грижа за нашите клиенти, ќе ја одржиме довербата на компанијата на високо ниво и ќе ја подигнеме свеста за важноста на пензиското осигурување “, вели Марко Јазбец, Претседател на Управниот одбор на Сава Ре.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×