Сбербанк не воведува рестрикции на подигнување и менување пари
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

И покрај големиот пад на вредноста на рубљата најголемата руска банка (Сбербанк ) нема да воведе рестрикции на подигнување пари или купување и продажба на валути.

Ова е соопштено од менаџментот на банката откако во јавноста се појавија шпекулации дека поради големиот пад на рубљата банката би можела да воведе контрола над капиталот. Од Сбербанк засега се децидни дека нема да го менуваат начинот на работење.

„Сбербанк не вовела и нема да воведе реструкции на подигањето на средства ниту на плаќање со банковни картички. Банката располага со доволно резерви на пари во странска и домашна валута“, наведено е во соопштението за јавноста кое го издаде Сбербанк.

Од таму додаваат дека банката ќе продолжи да работи со платните системи на Мастеркард и Виза електроник.

Сбербанк е најстара и најголема финансиска институција во Русија и историја која се протега се до 1841 година. Сбербанк важи и за трета по големина банка во Европа.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×