Scania доби казна од 880 милиони евра од ЕК
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Европската комисија денеска го казни шведскиот производител на камиони, Scania, со 880 милиони евра, поради местење на цените. ЕК наведува дека Scania 14 години договарала цени со други произведувачи на камиони, а казната е и поради пренесување на трошоците за новите технологии за помали емисии штетни гасови на потрошувачите.

Scania е единствена казнета, зашто другите производители од картелот, MAN, DAF, Daimler, Iveco, Volvo/Renault, постигнале договор за порамнување со ЕК, а Scania одбила таква опција.

Еврокмесарката за конкуренција, Маргрет Вестагер, изјави дека со денешната одлука е завршена истрагата водена 14 години.

„Наместо да се договараат за цените, производителите на камиони би требало меѓусебно да се натпреваруваат, исто така, и во еколошките подобрувања“, порача Вестагер.

Како што рече еврокомесарката, картелот на производители на камиони влијаел на значаен број превозници во Европа, зашто над девет од десет средни и тешки камиони продадени во Европа се од Scania и од други брендови од картелот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×