SCV фондот со најголема инвестиција досега: два милиони евра во хрватската компанија Bulb Technologies
Објавено на од во Start-up
Bulb Technologies е основан од 2006 од хрватски телеком инженери и развива решенија за telecom service management  и customer experience management. 
Bulb core team photo

Тимот на Bulb Technologies

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Регионалниот инвестициски фонд South Central Ventures (Enterprise Innovation Fund – ENIF) кој што има канцеларија и во Скопје,  објави дека вложува два милиони евра во хрватската компанија Bulb Technologies, специјализирана за развој на софтвер и основана од искусни инженери во телеком индустријата.

Bulb Tecnnologies се фокусира на решенија за менаџмент на телеком услугите (telecom service management), како и менаџмент со корисничко искуство (customer experience management).  Овие два милиони евра се најголемата инвестиција на фондот SCV досега.

Светскиот пазар за софтвер наменет за телеком индустријата е еден од најбрзо растечките со проектирана вредност од 34,2 милијарди долари за 2018 година. Хрватите Bulb Technologies од своето основање во 2006 година досега израснаа во лидери на пазарот во југоисточна Европа во броудбенд сервис менаџментот. Оператори како Дојче Телеком, Телеком Австрија и др., се меѓу долгогодишните клиенти на Bulb, а нивните решенија се со високи перформанси, скалабилни и флексибилни – поддржувајќи било каков протокол, мрежен елемент или уред, се вели во соопштението на SCV, каде што се објаснува дека нивната инвестиција е наменета за глобална експанзија на CEMPRESSO, водечкиот продукт на Bulb, и останатите нивни решенија.

SCV се присутни и во Македонија од октомври минатата година, а првата инвестиција во македонска компанија, беше во стартапот Letz, во износ од 100 илјади евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×