SDP на Милановиќ за еден месец му платила 100 илјади евра на американски консултант за предизборната кампања
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

На Алекс Браун, сениор потпретседателот на американската компанија за политички маркетинг Penn, Schoen & Berland (PSB), кого владејачката SDP во Хрватска го ангажирала од почетокот на оваа година за да ѝ го подигне рејтингот, во октомври на име трошоци за предизборна кампања му се исплатени нешто повеќе од 800.000 куни (околу 105 илјади евра), пишува хрватски Јутарњи лист. Иако од SDP не ја откриваат точната сума планирана за Браун, од ова може да се заклучи дека тој ја чини партијата на премиерот Зоран Милановиќ околу 100.000 евра месечно, што би значело дека од почетокот на 2015 од SDP заработил над милион евра. Алекс Браун е познат политички консултант кој работел кампањи за Тони Блер и за Хилари Клинтон.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×