СДСМ: Единствена пречка за Македонија се Иванов и Груевски
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Го повикуваме Иванов да не одолговлекува во обид да ги спаси Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност за криминалите и злоупотребите, и веднаш да го даде мандатот за состав на новата реформска Влада на граѓаните на Република Македонија“, реагираат од СДСМ на ставот соопштен од Кабинетот на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, дека пречките за доделување на мандатот на кандидатот на новото парламентарно мнозинство, Зоран Заев, сѐ уште не се отстранети.

„Единствената пречка за Република Македонија се Ѓорге Иванов и Никола Груевски. Огромно мнозинство од околу 700 илјади гласачи избраа промени, правда, заедништво, и Програмата на новата Влада тоа ќе го овозможи. Ниту една закана, ниту едно прекршување на Уставот од страна на Ѓорѓе Иванов и ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спречат демократските процеси кои се случуваат. Мнозинската волја на граѓаните мора да биде преточена во институциите на системот!“, се вели понатаму во соопштението од СДСМ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×