СДСМ и ДУИ бараат по скратена постапка да се донесе закон со сите директори во јавните претпријатија ќе добијат заменици
Објавено на од во Економија

Пратениците Александар Кирацовски и Благоја Трпевски, од владејачкото мнозинство од СДСМ и ДУИ, предложија по скратена постапка да се донесе измените на Законот за јавни претпријатија со кој директорите во сите јавни претпријатија ќе добијат заменици, кои би раководеле со јавното претпријатие во отсуство на директорите.

Со сегашното законско решение, директорот на претпријатието определува вработен кој ќе раководи во негово отсуство.
Доколку се изгласаат предложените законски измени ќе се отвори простор за нови вработувања, кои според досега воспоставена пракса се именуваат по предлог на владејачките партии.

Податоците од Регистарот за вработените во јавен сектор од 2017 година покажуваат дека во Македонија има 129 јавни претпријатија. Во сите јавни претпријатија на крајот на 2017 година работеле 17.744 лица. Ако се спореди со 2007 година кога во јавните претпријатија работеле 8.299 лица, излегува дека вработувањата се зголемени за повеќе од двојно или за 113%.

Најголемиот дел од јавните претпријатија или 114 се основани од градот Скопје и општините, 12 се основани, а 3 се основани од Собранието.
Од вкупниот број на јавни претпријатија најголем дел или 111 се јавни претпријатија за комунални работи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×