СДСМ иВМРО-ДПМНЕ со различен даночен концепт за Македонија
Објавено на од во COVER STORY

8-9-1Рамен контра прогресивен данок или дали богатите треба да плаќаат поголеми даноци?!

Го има ли левицата решението за системскиот проблем на македонската метаморфоза на капитализмот кој што богатите ги прави побогати, а сиромашните уште посиромашни?! Претставувајќи ја Визијата за Македонија, најголемата опозициска партија СДСМ интонираше пред граѓаните поинаква даночна политика каква што и се очекува од левичарска партија, според која најбогатите 5% од граѓаните ќе плаќаат поголем персонален данок на доход. Оние што имаат имот повреден од 400.000 евра, исто така ќе плаќаат за 0,1 процентен поен поголем данок на имот. Томас Пикети на македонски начин.
Меѓутоа, се отвора дилемата дали сиромашните ќе бидат помалку сиромашни само ако богатите плаќаат повисоки даноци?! Економистите имаат поделени ставови на оваа тема. Во Европа, 22 земји од ЕУ применуваат прогресивни даноци, а само шест од нив модел на рамно оданочување. Последни Албанија и Словачка воведоа прогресивни даночни стапки.

 

 

Го има ли левицата решението за системскиот проблем на македонската метаморфоза на капитализмот кој што богатите ги прави побогати, а сиромашните уште посиромашни?! Претставувајќи ја својата програма, најголемата опозициска партија СДСМ интонираше пред граѓаните поинаква даночна политика каква што и се очекува од левичарска партија, според која најбогатите 5% од граѓаните ќе плаќаат поголем персонален данок на доход. Оние што имаат имот повреден од 400.000 евра, исто така ќе плаќаат за 0,1 процентен поен поголем данок на имот. Томас Пикети на македонски начин.

Од друга страна, владејачката ВМРО-ДПМНЕ опстојува на тоа дека рамниот данок е вистинската политика за Македонија и дека дал добри резултати.

“Со реформите на владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија стана земја со најниски даноци во светот! Воведовме најнизок рамен данок од 10% на добивката и персоналниот данок и, за разлика од останатите земји кои ги зголемија даноците или воведоа нови кризни давачки во текот на должничката криза во Европа, во Македонија даноците останаа непроменети. Преку пониски даноци и едноставни административни процедури, се стимулира бизнисот, се намалува сивата економија, фирмите повеќе инвестираат и отвораат нови работни места, а сето тоа влијае врз зголемување на конкурентноста и на потенцијалот на македонското стопанство”, велат од ВМРО-ДПМНЕ и во својата програма ветуваат дека ако победат на следните избори ќе продолжат со политиката на ниски и едоставни даноци.

Експертите се  поделени околу тоа каква даночна политика и е потребна на Македонија. Според едни, рамниот данок ги исполнил очекувањата, докажал дека со ниски даноци може да му се помогне на стопанството без притоа да трпи државата, односно без да се намалат приходи од даноци во буџетот. Друга група експерти, пак, се на став дека рамниот данок не ги дал во целост посакуваните резултати, односно не влијаел драстично во намалувањето на сивата економија и даночната евазија и дека создава нееднаво даночно оптеретување помеѓу богатите и сиромашните.
“Сметам дека рамниот данок даде многу поголеми бенефити во Македонија. Претходно имавме прогресивно оданочување со неколку стапки кај персоналниот данок. Но, со реформата се покажа дека може да се намалуваат стапките, а во исто време да се зголемуваат даночните приходи”, вели Борче Смилевски, од Центарот за даночна политика.

cover 893Дали богатите треба да плаќаат повисоки даноци?

“Дали верувате дека сиромашните треба да плаќаат данок по пониска стап- ка од богатите, или да продолжиме со рамните даноци коишто се целосно на страната на богатите?”.

И по ова прашање ВМРО – ДПМНЕ и СДМС имаат спротивставен став. Првите сметаат дека ниските даноци се најголема помош за економијата, додека СДСМ смета дека со рамниот данок даночниот товар е поголем кај посиромашните слоеви од општеството.

СДСМ во својата програма ветува промени во даночниот систем коишто ќе започнат да вршат намалување на нееднаквоста во распределбата на расположливиот доход во Македонија.
“Праведниот даночен систем треба да воведе пониски стапки на данок за сиромашните, а повисоки за богатите”, се вели во програмата на СДСМ.

Претседателот на Комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски, смета дека „рамниот данок во Македонија е од корист за малата група на власт којашто енормно се збогати на сметка на егзистенцијата на најголем дел од граѓаните“.

„Бидејќи голем дел од граѓаните во Македонија живеат на линијата на сиромаштија или под неа, ние сме фокусирани на решение на овој проблем. За 95% од граѓаните, останува постојната стапка од 10% на персоналниот данок, а на оние што имаат вкупен месечен личен доход до нивото на законски определената минималната плата, ќе им се враќа се враќа платениот данок. Само на граѓаните во групата на 5% со највисока годишна даночна основица им се воведува дополнителна даночна стапка од 18%, покрај стапката од 10%, за износот на дополнителниот доход“, вели Тевдовски и додава дека во овие 5% со највисок доход влегуваат граѓани со наследено богатство, богатство врз основа на претходни или тековни економски ренти што се поврзани со монопол или други привилегии, односно граѓани кои не заработуваат со активности на труд.

Меѓутоа, се отвора дилемата дали сиромашните ќе станат побогати само ако богатите плаќаат повисоки даноци?!

Економистите имаат поделени ставови на оваа тема.

Професорот од Економскиот факултет, Трајко Славески, кој што како министер за финансии во 2007 година и го воведе рамниот данок во Македонија, иако вели дека можеби ќе звучи субјективно, сепак и денес не отстапува од овој даночен модел. Тој смета дека рамниот данок добро и служи на Македонија бидејќи „земјите во развој со висока стапка на невработеност и мал економски раст е подобро да применуваат ниски и едноставни наспроти високи и комплицирани даноци“.

gruevski„Искуството на Македонија со прогресивниот данок од пред 2007 година покажа дека иако имаше три стапки на данок, од 15%, 18% и 24%, сепак најголем дел од граѓаните плаќаа персонален данок по најниската стапка. Тоа значи дека побогатите наоѓале разни начини да го избегнат оданочувањето по повисоки стапки, така што при прогресивен даночен модел, ризикот од даночна евазија е многу поголем“, коментира Славески.

Тој вели дека СДСМ во менувањето на даночната политика има козметички пристап, односно мерки кои што се сведуваат на поголемо оданочување на богатите граѓани. Според него, причините за нееднаквоста само делумно може да се бараат во отсуството на прогресивни даноци.

„Дури и во земји кои што применуваат остра прогресија во оданочувањето како на пример САД, економската нееднаквост кај граѓаните и понатаму расте. Главна причина е што економскиот раст не се распределува подеднакво. Од друга страна, со мерки како социјалната помош или земјоделските субвенции кои што завршуваат главно кај граѓани со пониски приходи, се прераспределува значителен дел од доходот“, вели Славески.

Професорот Марјан Петрески исто така смета дека прогресивниот данок нема многу да смени, бидејќи тој ќе ги направи богатите помалку богати, но нема да ги направи сиромашните помалку сиромашни.

„Нема гаранција дека ре-дистрибутивната функција на буџетот ќе работи за сиромашните, особено во услови на недоволна буџетска ефикасност и транспарентност. Се отвора прашањето на кој начин ќе се искорени сиромаштијата ако буџетот има повеќе пари кои ги зафатил од богатите. Со зголемување на социјалната помош? Мислам дека е сосем погрешен пристап, бидејќи нејзиниот пораст стимулира неактивност и долгорочно им наштетува на примателите во смисла на нивната неспособност да се вклучат на пазарот на труд и да заработуваат пазарен доход. Напротив, нив треба да им се помогне на начин на кој полесно ќе излезат од сиромаштија, наместо да им се доделува незаработен доход“, вели Петрески.

Тој сугерира државата да вложува повеќе во образованието за да се зголеми веројатноста дека децата кога ќе пораснат нема да живеат во сиромаштија, а од друга страна, кај возрасните, според него, потребно е да се применат различни социјални политики, како условени парични трансфери, субвенции за обука и преквалификација, додаток на пазарен доход до одреден износ и други активациски политики кои ќе поттикнат да бараат работа.

Полскиот економист Лешек Балчеровиц, кој што се смета за архитект на полската трансформација од социјализам во капитализам, неодамна во интервју за Капитал призна дека не требало да го послуша ММФ кој сугерирал прогресивен данок наместо рамно оданочување. Тој вели дека ММФ нема јасна позиција околу моделот на оданочување на приходите, но на некој начин поддржува прогресивно оданочување.

„Мислам дека сиромаштијата не може да се искорени или барем намали преку зголемување на давачките за побогатите. Тоа се прави преку отворање на нови работни места. Сиромашните нема да станат побогати ако државата одзема поголем дел од доходите на побогатите. Но, ако приходите на богаташите всушност доаѓаат од нивните врски со властите, тогаш тие врски мора да се прекинат. Според мене, клучно е да се надмине нееднаквоста во можностите во едно општество, односно еднакво талентирани луѓе да имаат ист пристап до образование“, вели Балчеровиц.

Од друга страна, аналитичарот Бранимир Јовановиќ е еден од оние кои што ја поддржуваат идејата за воведување на прогресивни стапки на персонален данок на доход. Тој смета дека „треба да се намали даночниот „товар“ на луѓето со пониски доходи, а да се зголеми на граѓаните со повисоки доходи. Сега оние со минимална плата и даваат на државата околу една третина од своите примања (како персонален данок и придонеси), додека оние со максималната плата и даваат само една десетина. Треба да се воведе систем според кој „товарот“ на оние со минимална плата ќе се намали (на пример, на 20%), а на оние со највисоки плати ќе се зголеми (на пример, на 45%). Германија, на пример, има вакви стапки“, оценува Јовановиќ.

Од персоналниот данок на доход, минатата година се слеаја 200 милиони евра во државната каса. Нема проценки колку дополнителни приходи ќе се слеат  во Буџетот доколку се воведе прогресивна стапка.

12Од СДСМ објаснуваат дека воведувањето прогресивен данок на доход е само еден од елементите за намалување на нееднаквоста меѓу граѓаните.

„На земјава и треба систематски пристап во борбата со нееднаквоста. Ние сметаме дека тоа е можно со поставување пет столба во општеството во Македонија коишто имаат за цел корекција на нееднаквоста. Прво, воведување максимална транспарентност во трошењето на парите на граѓаните од страна на власта. Ова е особено значајно бидејќи секогаш луѓето на власт ќе најдат начини како парите да завршат главно кај нив, а сите останати да добијат по многу малку или речиси ништо. Второ, механизми на прераспределба на доходот, пред се преку даноците и социјалните трансфери. Во земјава, даноците и социјалните трансфери воопшто не ја коригираат нееднаквоста. Ова не е случај со останатите земји. На пример, во Словенија нееднаквоста на доходот сериозно се намалува откога даноците ќе зафатат доход од побогатите групи на населението, а социјалните трансфери тој доход го распределуваат на ранливите граѓани“, вели Тевдовски.

Најголем дел од земјите членки во ЕУ применуваат прогресивен персонален данок на доход. Само шест од 28 земји од ЕУ тековно применуваат рамен данок. Тоа се источно европските земји Естонија, Литванија, Летонија, Романија, Бугарија и Унгарија.

Во последните две години неколку земји го заменија рамниот данок со воведување прогресивен. Словачка во 2013 година го замени рамниот данок со прогресивен данок на доход со две даночни стапки 19% и 25%, а истото го направи и Албанија минатата година со воведување на персонален данок на доход со воведување на три стапки, 0%, 13% и 23%.

Економскиот раст ги полни џебовите на газдите, не на работниците

Факт е дека раслојувањето во Македонија веќе поприма загрижувачки размери. Економистите објаснуваат дека порастот на економијата не го чувствуваат сите граѓани бидејќи тој нееднакво се распределува помеѓу различните слоеви.

Универзитетскиот професор Марјан Петрески вели дека посиромашните граѓани најмалку чувствуваат подобрување на животниот стандард бидејќи најголем дел од доходот што се создава завршува во џебовите на газдите на компаниите, а сосема мал дел кај работниците.

„Ако го гледаме економскиот раст низ перспектива на факторите на производство, тогаш ќе забележиме дека поголем дел од новосоздадената вредност е распоредена кај сопствениците на капиталот, а помал дел кај трудот. Тоа значи дека богатите стануваат побогати, а сиромашните помалку го чувствуваат економскиот раст на сопствена кожа“, коментира Петрески.

Економскиот аналитичар, Бранимир Јовановиќ ја потврдува оваа теза со конкретни статистички податоци за последните пет години.

„Растот во периодот 2010-2014 година, скоро целосно се должи на градежништвото односно проектите што ги финансира државата и индустријата предводена од новите странски инвестиции. Во градежништвото, вкупните средства кои завршуваат кај работниците во овој период пораснале за 25%, додека во индустријата, за 10%. Во истото ова време, профитите на сопствениците на капиталот во градежништвото пораснале за 90%, а во индустријата за 100%. Со други зборови, од градежната експанзија финансирана од страна на државата, и од приливот на странски инвестиции, полза имаат пред сè малкумината „газди“, оценува Јовановиќ.

Евиденцијата на Светската банка покажува дека во периодот од 2000 до 2010 година, најбогатите луѓе во земјава станале уште побогати, а најсиромашните уште посиромашни. Ако во 2000 година најбогатите 10% од луѓето во земјава поседувале 25,7% од вкупниот доход, десет години подоцна нивното учество се зголемило на 32%. Во исто време, учеството на најсиромашните граѓани во националниот доход се намалило од 2,4% на 1,9%.

Уште еден показател што покажува дека разликата меѓу оние што имаат и немаат е огромна е Gini коефициентот кој во 2013 година во Македонија изнесува 37. Колку што е овој индекс повисок, толку е понерамномерна распределбата на доходот. Според податоците на Евростат, само Србија има повисок Gini коефициент од Македонија. Од останатите земји во регионот, во Бугарија изнесува 35,4, во Грција 34,4, во Хрватска 30,9 додека пак во Словенија е најнизок и изнесува 24,4.


zaev 6СДСМ: Поголем данок за менаџерите и газдите

Во оваа група од 5% граѓани со повисок доход доминираат главно луѓе на менаџерски позиции во моќните компании или најголемите сопственици  на капитал во земјава. Досега тие во голема мера беа задоволни од ниските и рамни даноци, а премолчуваа за рушењето на институциите и паѓањето на квалитетот на јавните услуги. Посилното нивно оданочување ќе обезбеди и нивна посериозна грижа за тоа како државата ги троши нивните пари. Со други зборови, ги стимулираме повеќе да се интересираат за квалитетот на јавните услуги и правилното функционирање на институциите, велат од СДСМ.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×