СДСМ: Меѓународната заедница го потврди она што граѓаните веќе го знаат
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Меѓународната заедница денеска го потврди она што СДСМ го говори цело време: на 24-ти април нема услови за слободни, фер и демократски избори, се вели во соопштението од СДСМ по објавувањето на оценката на САД/ЕУ за условите да се одржат кредибилни избори на 24 април.

„Денеска Никола Груевски не собра храброст да се соочи со вистината дека нема услови за фер и демократски избори.

Оценката на Европската унија и САД дека во овој момент потребните услови за организирање на кредибилни избори на 24 ти април не се исполнети и констатацијата дека се уште не е постигнат договор за реформи на медиумите е директна потврда на она што граѓаните веќе го знаат.

Не се создадени услови за фер избори на 24-ти април, сѐ додека не се прочисти Избирачкиот список и нема реформи во медиумите.

Уште еднаш се покажа, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се единствените коишто од самиот почеток го кочеа процесот на имплементација на Договорот од Пржино.

Граѓаните сега со право очекуваат да се исполнат сите услови за фер и демократски избори преку навремено прочистување на Избирачкиот список и преку навремена регулација на медиумите.

Правото на слободни избори и демократски изразеното право на глас на секој граѓанин во Република Македонија мора да биде обезбедено и гарантирано“, е целиот текст на соопштението на СДСМ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×