СДСМ поднесе докази до Јавното обинителство за „Пуч“ и за „Поткуп“
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Нема докази за извршено насилство кон претставници на највисоки државни органи и за шпионажа, туку напротив, има насилство врз уставниот поредок на Република Македонија од страна на Никола Груевски, на Сашо Мијалков и на група лица околу нив“, ијзави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, при денешното доставување доказен материјал во Јавното обвинителство за случаите „Пуч“ и „Поткуп“. Според Заев, поднесените докази треба да го охрабрат јавниот обвинител „да се одважи и веднаш да ја запре конструираната постапка за „Пуч“, и да го прекине кривичниот прогон од криминалците, Груевски и неговите соработници“.

Денеска, како што рече претседателот на СДСМ, до ЈО се доставени „дел од доказите за масовната операција на нелегално прислушување, а останатите материјали и докази ќе бидат доставени во соодветна фаза на правната постапка, но, конечно сите докази коишто се сопственост на Република Македонија, а се во раце на опозицијата, ќе бидат доставени до соодветните државни органи, штом се исполнат условитe извршната власт да биде разделена од правосудната“.

Заев изјави дека од доставените докази за случајот„Поткуп“ се потврдувало дека нема поткуп и исплата на какви било парични средства, туку имало местење поткуп, што било пријавено пред надлежните општински органи, преку поднесување на Кривична пријава од негова страна.

Според она што го изјави, доказите содржат повеќе од 100 илјади разговори во транскрипти, повеќе од 18 илјади СМС пораки, исто така, во транскрипти. Меѓу доставениот материјал има 13 аудио разговори, досега необјавени, со чие слушање, како што рече Заев,„се гледа кој тоа навистина прислушувал во Република Македонија и како тоа се штител системот на контрола на комуникациите од страна на оние кои се одговорни за да го контролираат, да управуваат со оној систем на следење и контрола на комуникациите“.

На денешното поднесување докази од страна на опозицијата, одговори владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, со став дека „не е суштината во тоа дали ќе се поднесат 1000 или 2000 страници хартија, туку дали тие имаат или немаат правна основа и аргументација“. За случаите кои се водат пред надлежните институции против Зоран Заев, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, „постојат непобитни докази, факти, признанија и правни аргументи“. Во реакцијата на владејачката партија се потенцира дека материјалите на Заев се нелегално прибавени, преку противзаконско прислушување кое го спроведувале неговите соработници на чело со Зоран Верушевски, а во соработка со странски служби.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×