Се бара вакцина и за пропаганда
Објавено на од во МАГАЗИН

Woman reading newspaperПандемија на лажни вести

Во време на здравствена криза кога секоја една точна информација може буквално живот да вреди, одговорноста на медиумите и на самите новинари е огромна. Но, тука е и одговорноста на имателите на информации и диригентите на политичко – економските сцени кои би требало барем во вакви услови да се откажат од секаков друг интерес освен од оној на граѓаните.
Лагата маскирана како информација во ек на пандемијата со коронавирусот не е само македонски проблем – целиот свет се соочува со наплив на дезинформации кои се судираат дури и со науката и научните ставови во однос на потеклото на вирусот и неговите карактеристики.
Кај нас ова најчесто има политичка или партиска позадина.
Но, она што ширачите на лажни вести не го разбираат е дека не го уништуваат само правото на граѓаните да бидат вистински информирани, туку и им вршат услуга на властите,  на кои сигурно им е полесно да демантираат дека денарот девалвирал или дека ќе има криза за брашно, отколку да се соочат со сериозна и аргументирана критика. Во време на здравствена криза кога секоја една точна информација може буквално живот да вреди, одговорноста на медиумите и на самите новинари е огромна. Но, тука е и одговорноста на имателите на информации и диригентите на политичко – економските сцени кои би требало барем во вакви услови да се откажат од секаков друг интерес освен од оној на граѓаните.
Географски, Македонија е совршено погодна почва за судир на интересите на геополитичките центри на моќ. А таму каде што има судир на интереси, се разбира дека има и судир на пропаганда.
politika-2Вистинските вести се лек за лажните
Генералниот секретар на Европската федерација на новинари, Рикардо Гутиерез, во специјален разговор за „Капитал“ вели дека професионалното новинарство е најдобар противотров за теориите на заговор:

„Етичкото новинарство, независните медиуми, транспарентноста од оние кои се на власт, медиумската писменост и слободниот проток на информации се најдобриот противотров за дезинформациите и теориите на заговор за ширењето на КОВИД-19 низ целиот свет. Во тој конкретен контекст, Европската федерација на новинари (ЕФЈ) го поздрави краткиот извештај за политиката што неодамна го издаде ЧЛЕН 19.“ вели тој.
Гутиерез вели дека сега повеќе од кога и да е ни се потребни професионални новинари на теренот.
„Граѓаните сметаат на нив да известуваат за реалното влијание на пандемијата, да ги објаснуваат заштитните мерки и да инсистираат на одговорност од донесувачите на одлуки. Притоа, ЕФЈ ги замолува сопствениците на медиумите да се воздржат од каква било иницијатива за намалување на платите, правата и заштитата на медиумските работници “ вели тој.
ЕФЈ смета дека државите, медиумите и компаниите за социјални медиуми можат да помогнат во борбата против КОВИД-19 со посветеност на транспарентност, решавање на дезинформации и промовирање на авторитативни здравствени совети.
„Веруваме дека не е време државите да преземат рестриктивен пристап кон слободата на изразување и информации. Ни треба целосна транспарентност и отворен јавен дискурс за ширење на вирусот и опциите за борба против него “, додава Гутиерез.

Во правилникот за кого што зборува Гутиерез дадени се неколку предизвици за слободата на изразување и информации за време на тековната криза СОВИД-19 и дава клучни препораки за владите, медиумите и компаниите кои се однесуваат на социјални медиуми.
Гутиерез вели дека не се забележани многу случаи на дезинформација на „ковид-19“ кои доаѓаат од професионални новинари. Академските истражувања покажаа дека социјалните медиуми – главно Facebook и Whatsapp – се главниот вектор за ширење на дезинформациите.
„Во овој контекст, на луѓето им треба повеќе од кога и да било порано доверливи информации. Тие се потпираат на новинарите да дадат таква потврдена информација и да ги земат предвид политичарите во врска со нивните одлуки за мерките за борба против пандемијата. Затоа е толку важно да се почитуваат етичките правила во таков контекст.“ вели тој.

Квалитетните вести бараат поддршка и од читателите

ЕФЈ издаде и заедничка изјава со која се бара од луѓето коишто читаат, гледаат, слушаат вести и следат  медиуми – големи и мали, локални и меѓународни, печатени, дигитални или емитувани, да придонесат, колку што можат, со претплата и членство.
„Собирањето вести е тешко и скапо во нормални времиња и сега е уште потешко и поскапо. Знаеме дека е тешко време да се побара ваков вид поддршка. Пандемијата остави десетици милиони луѓе без приходи во време на акутна потреба за безбедно засолниште, одржување и – за многумина – медицински третман. Плаќањето за вести може да изгледа недостапен луксуз во моментов, но нам ни требаат овие новинари и новински услуги повеќе од кога било – и ним им требаат “, вели тој и додава дека ова може да биде како едно од решенијата за подобрување на квалитетот на содржините.
Уште на почетокот на кризата македонскиот претседател, Стево Пендаровски апелираше информирањето да биде од официјални извори.
„Во вакви ситуации, кога се случува епидемија на болест, има и епидемија на лажни вести кои креваат паника кај населението, при што се создава ситуации кога не им се верува на официјални, туку на алтернативни продуценти на вести. Нашите надлежни служби детектираа неколку обиди за планско ширење лажни вести за предизвикување паника. Не се работи за незнаење, туку за организирано и планско, со цел дополнително да се влоши ситуацијата и да се изгуби вербата во институциите“ рече тој.
Во борбата со дезинформациите кај нас вклучени се и Министерството за внатрешни работи, како и она за администрација и информатичко општество.

NATO-zname-25НАТО во лов на лажни вести

Македонија како земја членка на НАТО е дел од борбата против лажните вести и дезинформации кои дополнително ја отежнуваат битката со здравствената криза. Од Алијансата информираа дека ќе се формираат тимови за борба со хибридни закани во Северна Мaкедонија и Црна Гора, откако лажните вести и дезинформации на Русија и Кина зедоа голем замав со кризата на пандемијата од коронавирус во Западен Балкан. Амбасадорката на САД во Алијансата, Кеј Бејли Хачинсон на брифинг за новинари порача:
„Првата група замина за Црна Гора, еден од соседите на Северна Македонија. И мислам дека тие ќе бидат достапни за Северна Македонија со цел да ги подготват македонските медиуми да ги отфрлат овие кампањи за ширење на дезинформации. Една група веќе работи во Црна Гора, и ние, секако, ќе го разгледаме барањето од Северна Македонија за тимови за поддршка во борбата против хибридни закани со цел обука на луѓето таму како да ги отфрлат овие кампањи за ширење на дезинформации, “ одговори таа на новинарско прашање на брифингот.
Првиот човек на Алијансата, Јенс Столтенберг, предупреди и за лажните вести и информации кои, како што вели, ги лиферуваат државни и недржавни институции со цел да внесат раздор меѓу земјите членки. Затоа, додава Столтенберг, потребно е сојузниците да соработуваат за да се разоткријат и спречат таквите влијанија
Алијансата објави и топ пет руски митови за НАТО и КОВИД-19.
„Во нашата заедничка борба против пандемијата КОВИД-19 фактите и информациите се поважни од кога било. Од почетокот на кризата, руските власти упатија лажни обвинувања за улогата на НАТО во борбата против КОВИД-19“, се вели во соопштението на Алијансата кое неодамна беше објавено.
Илија Џугуманов од Евроатлантскиот сојуз на Македонија, пак во изјава за РСЕ неодамна посочи дека ковачите на заговори честопати одат во крајност со злоупотреба на дневно – политичките проблеми.
„Сето тоа се користи, се оди во потполна друга крајност каде што се злоупотребуваат дневно – политички проблеми поврзани со одредени глобални состојби, за на крајот да стигнат до дезинформации за распад на самата Алијанса, потоа дека ова ни се случувало поради самото членство, дека НАТО, како демек тестира 5Г мрежи, и до крајност дека самиот вирус е оружје на Aлијансата. Тука наративите одат во тотална крајност“, вели тој.

0c834c_457b945a2ebc480c87849aeea4f5fc49_mv2Најголемите лаги за короната

Во контекст на борбата со дезинформациите НАТО Алијансата објави листа со најчестите митови кои се распространети низ населението, а се однесуваат на вирусот и „одговорноста“ на НАТО, посочувајќи ги како -  руски митови кои се шират на социјалните мрежи. НАТО притоа објави факти со кои се демантираат таквите дезинформации посочувајќи дека НАТО е создадено за да се справува со кризи, и дека работи во насока да спречи здравствената да стане и безбедносна криза.
  • КОВИД-19 ќе доведе до распад на НАТО
  • Коронавирусот е создаден од НАТО
  • Вирусот се шири организирано преку вежбите на НАТО

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×