Се чувствувате уморно или неодлучно? Причината може да е стресот  
Објавено на од во lifestyle

Игнорирање на состојбата на стрес, особено на тивкиот односно хроничниот стрес, може да доведе до многу физчки, ментални или емоционални проблеми. Истите се манифестираат на најразлични начини од напнатост, неспокоство, промена во расположение па се до болести кои може да го нарушат нашиот имунитет, дигестивен систем па и до болести кои се загрозувачки по животот на луѓето.

Затоа самосвесноста за стресната состојба низ која поминуваме и справувањето со истата е многу важна. Секако, доколку станува збор за поголема или подолготрајна состојба на стрес, свртување кон стручна помош и тоа како е потребно.

Притоа секој од нас реагира различно на стресот. Затоа и поединечно треба да се бараат совети како да се справуваме со истиот.

Stres 1„Сите реагираме различно на стрес, па поради тоа нема еден  општ  рецепт  како тој да се намали. Стрес менаџментот подразбира менување на стресна ситуација кога е можно, менување на нашите реакции на стрес, преземање на контрола врз самиот себе, грижа за себе и сопственото здравје и пронаоѓање време за себе, за одмор и релаксација. Долготрајниот стрес доведува до физичко оштетување на здравјето, затоа во последните години имаме млади луѓе со хронично покачен крвен притисок, срцеви заболувања, мозочни удари  каде старосната граница се поместува понапред. Чести се психичките проблеми од типот на депресивни епизоди, панични нарушувања и генерално анксиозно нарушување. Овие состојби бараат лекарска помош и терапија. Не се за потценувања зголемената телесна тежина, злоупотреба на алкохол, цигари, седативи и психоактивни супстанци“, вели Д-р. Бјанка Чачев-Спанческа, невропсихијатар во Ре-Медика.

Таа советува дека учењето да се живее поздраво, што подразбира физичка активност, време за одмор, социјални активности, дружење со пријатели или изнаоѓање на области од интерес, хоби, градење на релации со луѓето околу нас и во професионалната сфера и онаму каде што живееме, може значително да ни помогне да го намалиме или отстраниме стресот.

За последиците по здравјето на луѓето кои не се соочуваат со стресот објаснува и Д-р. Владимир Ортаков, невропсихијатар од Аџибадем-Систина.

„Сите болести од сферата на т.н. психосоматски болести како психолошка подлога за нивната појава го имаат стресот. Практично, нема орган или систем во организмот, кој не може да биде пореметен на стресогена основа. Стресот може сериозно да го наруши имунитетот, хормоналниот баланс, кардиоваскуларниот систем, дигестивниот систем, кожата, мускулатурата или репродуктивните органи. Ваквите нарушувања понатаму можат да генерираат и исклучително тешки и по живот загрозувачки болести. Што се однесува до психосоматските болести, нивната листа е долга, но може да се набројат некои од попознатите, како што се покачениот крвен притисок, дијабетесот, чирот на желудникот, гастритисот, мигрената, исхемиската болест на срцето, мениеровата болест, голем број кожни болести (на пр. псориазата), автоимуни болести (артритисот), астмата и хроничната опструктивна белодробна болест и т.н. Еден од најзначајните фактори кои придонесуваат за прекумерното зголемување на телесната тежина е стресот. Кога мозокот е под стрес тој стимулира излачување на Кортизол, хормон кој, кога е подолг период над нормалните граници, може да предизвика зголемување на телесната тежина, заедно со многуте други веќе споменати сериозни штетни ефекти“, објаснува Д-р Ортаков.

 

Лоши наспроти здрави навики за справување со стресот

-Нездрави начини на превенција: Конзумирањето премногу кофеин, пушењето, прекумерното конзумирање алкохол, компулсивното трошење пари, невротското внесување на храна, коцкањето и други “зависнички“ однесувања.


-Здрави начини на превенција: Личноста ќе ја прифати околината таква каква што е и ќе ја намали сопствената потреба за контрола. Битно е да се најдат начини за покачување на прагот на толеранција на фрустрации, како и да се избегнуваат деструктивните конфликти. Еден од начините е и постигнувањето баланс помеѓу професионалното и приватното, адекватни начини за справување со феноменот на професионално презаситување, издвојување време за себе и сопствените потреби, повеќе време за релаксација и необврзувачка комуникација и размена со пријателите.

 

Кога треба да побарате стручна помош за справување со стресот

Невропсихијатрите со кои разговараше Капитал советуваат дека што порано се побара помош за справувањето со стресот тоа е подобро за самата личност.

„Во почетните фази на развиток на хроничниот стрес поединецот не е воопшто свесен дека стресот е присутен. Како и да е, секој поединец би имал полза од повремено психотераписко советување, макар да се работи и за ситни фрустрации, кој поединецот ги чувствува како терет. Секако, кога ќе започнат да се чувствуваат почетните симптоми на замор, незадоволство, повремен губиток на смислата, незнаење што со себе, потреба за промена во животот или едноставно, чувство дека нешто недостасува, полезно би било да се побара стручна помош, која е од огромно значење за што побезболното надминување на болеста на денешницата – хроничниот стрес“, вели д-р Ортаков од „Аџибадем Систина“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×