Се гледа ли крајот на единството на Западот?
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Резултатите од претстојните избори во САД и Франција би можеле да одиграат пресудна улога во распадот на западното единство и современиот либерален светски поредок.

Ова го напиша новинарката Ен Еплбаум во Вашингтон во текст со наслов : Дали е ова крај на Западот каков што го знаеме?”.

Таа смета дека три основни проблеми му се закануваат на единството на Западот – победата на републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори во САД, победата на десничарската Мери ле Пен на изборите во Франција, како и излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

Во написот на Вашонгтон пост, Трамп се нарекува човек кој апсолутно не го интересира она што последните неколку американски претседатели го нарекуваа “општи вредности”.

“На Трамп му е сеедно дали Украина ќе влезе во НАТО. Него во принцип не го интересира НАТО, како ни гаранциите за безбедност на Алијансата. Тој исто така зборува дека САД не би требало да се мешаат во конфликти во кои е вмешана Европа”, пишува Вашингтон Пости додава дека Трамп во своите изјави често повторува дека “американските граѓани не би требале со своите животи да ја плаќаат цената во европските конфликти, и дека со повлекувањето од овие конфликти САД би заштедиле големи износи на пари“.

ZapadСлична ситуација би имало во Франција по претседатеските избори во 2017 година доколку победи десничарката Мари ле Пен, која е претседателка на Националниот фронт.

Вашингтон Пост истакна дека во случај на победа на Ле Пен, таа веројатно би ја извлекла Франција од членството во Европската унија и НАТО, и би ги национализирала француските компании ограничувајќи го на тој учеството на странските инвеститори во француската економија.

Кога станува збор за Велика Британија, Вашонгтон пост предупредува дека потенцијалното изгласување за излез од ЕУ на референдумот закажан во јуни, би можело да биде само шлагворт за излез на земјата и од НАТО.
”Што е следно? Без Франција ќе престане да постои и единствениот европски пазар, а прашање е колку би опстанал и НАТО без Велика Британија”, заклучува Вашингтон Пост.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×