Се (или некој го) избриша просторот пред Заев
Објавено на од во АНАЛИЗА

1113073290_0_226_3500_2194_1200x0_80_0_1_0ade3c447b0ae7aeaa4bcff874267192Коалициски комбинаторики

Она што почна како драматично постизборие во коешто Ахмети се претстави како неприкосновен диктатор на условите за формирање на новата влада, преку заткулисни разговори и очигледна интервенција на странскиот фактор, прерасна во ситуација во којашто лидерот на СДСМ останува тој што ги пишува равенките во оваа математика.

 

Десет дена поминаа од изборите, но македонските граѓани се’ уште не знаат како ќе изгледа новата Влада  – преговорите за коалиција оставени се за следата недела.
Конститутивната седница на Парламентот треба да се случи најдоцна до петти август, за да се испочитуваат уставните рокови, но иако ситуацијата навидум изгледа премногу заплеткана, оти броењето до 61 на сите им оди тешко, се чини дека лидерот на СДСМ, партијата победник, Зоран Заев е прилично опуштен во својата позиција. Веднаш после изборите тој замина на годишен одмор, со што преговорите се ставија на „стенд бај“. Во меѓувреме, она што се слуша се само шпекулации и неофицијални информации кои струјат низ политичките кругови за можни коалиции.
Најгласни се најисплашените
Најгласни се оние кои најмногу „се силеа“. Партијата на Али Ахмети, што се прогласи за победник на изборите оти освои 5 мандати повеќе (додека македонскиот политички блок изгубија по стотина илјада гласови) уште од првиот постизборен ден почна да зборува дека без нив нема Влада и дека тие (а не Зоран Заев) се во позиција да диктираат правила и услови за коалицирање. Најгласен меѓу гласните беше главниот соработник на Ахмети, Артан Груби кој најдиректно порачуваше дека нивното главно изборно ветување – премиер Албанец е неопходен услов за која било партија од македонскиот блок да коалицира со нив. Притоа, тој не штедејќи ароганција упатуваше пораки дека тие се главните играчи и дека од лидерот на СДСМ (кој во текот на кампањата изјави дека ДУИ мора да оди во опозиција) очекуваат извинување и прилагодување на нивните барања. Но, како што изминуваа деновите реториката на ДУИ омекнуваше. Прв настапи партискиот лидер со порака дека сепак треба да се продолжи на европскиот пат и дека СДСМ секако биле партнер долги години, имаат работа што треба да биде завршена (алудирајќи на европските интеграции) и дека доколку Заев се извини за кажаното тој е подготвен да ја продолжи соработката. Набрзо и Груби го следеше трендот – во постот објавен на албански и на македонски јазик напиша:

„Време е за умереност, смиреност и да ги засукаме ракавите со цел силно да продолжиме на нашиот евроатлантски пат, толку потребните реформи кон вистинско владеење на правото и бескомпромисната борба против корупцијата и криминалот, но и економското закрепнување за да се поправат последиците од  Ковид-19 со воспоставување на одговорни институции“.

Nato

ЕУ и САД преку своите амбасадори испратија јасна порака дека очекуваат проевропска влада што ќе држи силно реформско темпо во периодот на преговори што следува есенва

Мекото приземјување на ДУИ
Оваа очигледната промена во јазикот и курсот на ветриштата што дуваат од Мала Речица доаѓа после два исклучително интересни моменти – едниот е средбата на амбасадорите на САД и на ЕУ, Кејт Брнс и Самуел Жбогар со македонскиот надворешно – политички тим, министрите за одбрана и надворешни работи, Шеќеринска и Димитров, и главниот технички преговарач со ЕУ, Маричкиќ, после којашто следеше соопштение дека и САД и ЕУ порачуваат оти на Македонија и’ е потребна проевропска влада што ќе наметне силно темпо за реформите. Брнс и Жбогар се сретнаа веднаш потоа и со вицепремиерот за економски прашања, Бујар Османи, средба каде официјално беше испратена истата порака. Колку и дали во неофицијалниот дел на овие разговори, странските партнери инсистирале на промена на заканувачкиот и политички некоректен тон на ДУИ (со оглед на важноста влада да се формира најбрзо што може и таа да биде проевропска) може само да се претпоставува, но факт е дека ДУИ направи целосна промена во содржината на јавните настапи.
Многумина сметаат дека главната причина за ваквото омекнување лежи и во фактот што ден потоа лидерот Ахмети доби покана да се појави во Судот во Хаг, наводно како сведок во случајот против Хашим Тачи за воен криминал.
Сепак, од Специјалното јавно обвинителство за Косово во Хаг се’ уште не сакаа да објаснат во кое својство е викнат лидерот на ДУИ и бивш лидер на ОВК, но фактот дека е викнат во исто време кога и главнообвинетите од Косово, Хашим Тачи и Кадри Весели со „други“ , предизвикува непријатна тишина во ДУИ. Ахмети вчера побрза сам да објави дека стигнала поканата и да мотивира куп поддршка на социјалните мрежи од своите приврзаници кои го слават како херој и го бодрат да ја каже вистината за воените злосторста на Србите во Косово. Но, Ахмети не е викнат на Судот за воени злосторства во бивша Југославија и не е викнат да зборува за Србија туку за воените злосторства на ОВК, во чие основање самиот учествувал и бил на врвот на нејзината воена структура кога се случувале воените злосторства од страна на главнообвинетите Хашим Тачи и Кадри Весели на Косово.

Ahmeti 100 dena Vlada -Popovski F002-p

Поканата да се појави во Меѓународниот суд во Хаг (се’ уште официјално не се знае во кое својство) многумина ја протолкуваа како порака до Ахмети дека ги преминал границите на водење на политика во Македонија

Порака до Ахмети?
Очигледно, како што Тачи од Косово доби покана кога сакаше да оди во САД да договора поделба на територијата со Србија, така Ахмети во Македонија е повикан во Хаг кога доби напад да инсталира премиер Албанец  со уцени и да заигра повторно на националистичката карта.
Многумина тука гледаат порака до Ахмети дека ја премина линијата за водење политика во Македонија и дека не е семоќен и дека неговата политичка, а уште повеќе преговарачка позиција драматично е разнишана
Дури и да не учествувал на никаков начин во нив, од октомври кога ќе почнат јавните сведочења во Хаг и кога ќе се видат обвиненијата и доказите, неговата аура на миротворец неповратно ќе биде изгубена, а дотогаш ќе завршат и преговорите за влада. Кој пак, сега би преговарал со политичар со покана од Хаг во рацете, чие непријатно минато или барем минатото на неговите соборци и политички партнери е во најава за враќање пред силниот блесок на рефлекторите?

Според она што се знае, во октомври треба да почне постапката пред судење во која ќе се утврди дали истрагата, која има корени во извештајот на Дик Марти од 2011 година, има основа да се преточи во судски процес. Ниту еден меѓународен суд, а не пак Хаг, не би викнал актуелен претседател на држава ако нема добро подготвена истрага која води кон таков епилог, а Тачи кога ја доби поканата пред јавноста практично призна дека е подготвен да ја плати цената за сѐ што правел за Косово, бидејќи слободата ја барала таа жртва.
Обвинението  е поднесено против десет лица, односно „Хашим Тачи, Кадри Весели и други“, кои се товарат за дела против човештвото и за воени злосторства, вклучително и убиства, присилни исчезнување на лица, прогони и тортура. Во обвинението се тврди дека Хашим Тачи, Кадри Весели и останатите обвинети се кривично одговорни за речиси 100 убиства, кои вклучуваат Срби, косовски Албанци кои биле обвинети дека биле „предавници“, Роми и други етникуми, како и политички противници.

ВМРО – ДПМНЕ е тотално надвор од игра
Како капак на се’ за ДУИ, вчера одекна неофицијална информација дека дури пет пратеници од нивното мнозинство доброволно сами се јавиле кај Заеви му ја понудиле нивната поддршка за формирањето на мнозинството. За оваа вест нема потврда, но со целокупниот распоред на картите на маса се чини дека Заев има доволно причини да си го искористи годишниот одмор до крај – шансите да се формира Влада без тој да го има главниот збор се’ веќе надвор од игра.
Тука треба да се има предвид и фактот што новата партија што влезе во Парламентот, Левица е надвор од секоја комбинаторика, оти идејата тие да се најдат во новата Влада наишла на силен револт кај европските и американски пријатели на македонската политика. Партијата што особено во делот на надворешната политика води курс драстично спротивен на патот кон којшто земјава чекори (со најава на пример за отповикување на признавањето на Јужна Кореја или признавање на независноста на Баскија) останува надвор од математиките за коалиција (што нивниот лидер кажа дека е и нивна цел во суштина). Со ова и со јасната (ама и омекната) позиција на ДУИ, идеите дека ВМРО – ДПМНЕ ќе направи Влада се само во главите на Мицкоски и неговото блиско опкружување. Нему сепак фокусот во следниот период ќе треба да му биде во самата партија, а не кон Илинденска бб, оти се погласни и побројни се пораките од партиски членови кои бараат негова итна оставка, промени и реформи во партијата, демократизација и фаќање на приклучок со евроатлантските интеграции – тема на којашто оваа партија упорно не успева да игра државнички. Како ќе се развива борбата на партиските крила во ВМРО – ДПМНЕ останува допрва да се види, но познавајќи ги политичките наследства на луѓето кои ги водат овие битки, како и на оној кој се труди „да се одбрани“ тешко може да се очекува дека од овој раскол навистина ќе се изроди новата модерна македонска десница, сила што навистина е неопходна за општеството и за процесите што ќе следуваат.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×