Се изработуваат заштитни маски со визири за медицинските работници
Објавено на од во Компании
 Уште утре ќе бидат доставени првите примероци во Градската Општа Болница “8-ми септември” каде ќе бидат стерилизирани со цел да можат да се распоредат онаму каде што се неопходни, на оние кои се први изложени на удар од корона вирусот. 
3
По иницијатива на дизајн сцената, доктори и сопственици на 3D принтери, почнаа да се изработуваат заштитни маски со визири за медицинските работници испринтани на 3D принтери. Несебичната поддршка на граѓаните иницираше facebook група во која членуваат доктори, дизајнери, приватни сопственици на 3D принтери, компании кои се занимаваат со ваква дејност и лица кои се пријавија за волонтери, за што побрзо маските да се дистрибуираат до засегнатите клиники.
Вчера вечер дефиниравме дизајн кој е лесен за употреба и 3Dпринтање и кој исто така како производ ги задоволува стандардите на медицинските употреби, а материјалот е соодветен да издржи и стерилизација пред употреба.– посочи еден од дизајнерите
Уште утре ќе бидат доставени првите примероци во Градската Општа Болница “8-ми септември” каде ќе бидат стерилизирани со цел да можат да се распоредат онаму каде што се неопходни, на оние кои се први изложени на удар од корона вирусот.
Оваа група на пред се хумани луѓе нема да застане овде. Продолжуваат деноноќно со работа за да се снабдат сите медицински установи низ републиката, паралелно развивајќи модели на разни конектори и елементи за медицинска опрема која може да стане дефицитарна, надевајќи се дека ситуацијата ќе се подобри и нема да имаат потреба да ги произведуваат.
Ги замолуваме сите кои сакаат да помогнат во донација на материјали, финансиски донации или пак кои имаат идеја како најбрзо да се снабдат медицинските работници со заштитни маски да се приклучат на иницијативата на facebook групата:
https://www.facebook.com/groups/930629214035361/?ref=share

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×