Се очекува одлуката на PayPal и останатите сервиси да ја стават Македонија на своите бизнис мапи
Објавено на од во луѓе и компании

FOto glavnaДржавата ги тргна пречките, но…

Народната банка ja донесе одлуката што од неа долго време се бараше, а тоа е домашни физички и правни лица да може да отворат сметки кај странски електронски сервиси за плаќање (PayPal, Skrill, Stripe, Payoneеr и останатите), со што во голема мера би се олеснила електронската трговија, односно финансиските трансакции онлајн. Меѓутоа, дали и кога граѓаните и компаниите ќе можат да отворат сметка кај одреден електронски сервис и какви услуги ќе можат да користат (дали само за плаќање или и за наплата), одлучува секој од сервисите, при што деловната одлука ја носи врз основа на сопствени анализи и оцени.

 

Добра вест за граѓаните и компаниите од земјава, особено за помалите трговци: регулаторот, т.е. Народната банка овозможи она што од неа долго време се бараше, а тоа е ослободување на можноста домашни физички и правни лица да може да отворат сметки кај странски електронски сервиси за плаќање (PayPal, Skrill, Stripe, Payoneеr и останатите), со што во голема мера би се олеснила електронската трговија, односно финансиските трансакции онлајн.
„Со измените се овозможува граѓаните и компаниите да отвораат и да имаат сметки кај сите странски електронски сервиси за платежни трансакции што ќе ги овозможат своите услуги за резидентите од нашата земја. Тие ќе можат овие сметки да ги користат исклучиво за комерцијални цели, односно за купување и/или за продавање стоки и услуги по електронски пат. “, се вели во соопштението на Народната банка.
Гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска истакна деновиве дека со оваа одлука на Советот на Народната банка се оди уште еден чекор понапред во делот на либерализацијата на капиталните трансакции, по дозволата македонските граѓани да купуваат хартии од вредност, како и недвижен имот во странство, од почетокот на годинава.
„Либерализацијата во однос на отворањето и поседувањето кориснички сметки кај електронските сервиси за платежни трансакции во натамошниот период може да донесе повеќе придобивки за нашата економија. Донесената одлука е еден од чекорите на Народната банка за поголема промоција и поддршка на електронската трговија и залагање за користење на предностите од финансиските технологии, односно се создаваат услови стоките и услугите коишто ги нудат нашите резиденти, преку електронската трговија да бидат подостапни на меѓународниот пазар, со што ќе се зголеми извозот, а со тоа и целокупната македонска економија“, истакна Ангеловска – Бежоска.
PayPal на помали пазари оди претежно со принцип на франшиза
Меѓутоа, дали и кога граѓаните и компаниите ќе можат да отворат сметка кај одреден електронски сервис и какви услуги ќе можат да користат (дали само за плаќање или и за наплата), одлучува секој од сервисите, при што деловната одлука ја носи врз основа на сопствени анализи и оцени. Ова е особено значајно затоа што деновиве низ медиумите се појавија многу наслови од типот „PayPal доаѓа во Македонија“ и сл., што не се сосема точни.
„Државата овозможи регулатива, постави темел, што се вели, а сега останува на PayPal и останатите сервиси од овој тип да ги разгледаат опциите дали и како им се исплатува најмногу да ја стават и Македонија на мапата од нивните бизнис операции. Македонскиот е мал пазар, а за помали пазари PayPal вообичаено оди преку системот на франшиза, што значи дека треба да најде франшизер во земјава.“, објаснува Давид Павловски, ко-основач на технолошкиот стартап Kiimo и добар познавач на приликите во светската индустрија за платежни услуги.
Тој додава дека пред десетина години франшизата на PayPal за Македонија и уште неколку балкански пазари ja поседувал извесен грчки бизнисмен, но дека корпорацијата после неколку случаи на злоупотреби на сервисот на тие пазари, ја ставила и земјава на својата “црна листа“ на непожелни дестинации за вршење финансиски трансакции. Но, секако, за слободно функционирање на сервисот во Македонија мораше прво да се тргнат административните пречки, она што Народната банка штотуку го стори.
Во меѓувреме, поединци од земјава, поконкретно најактивниот во јавноста Венко Глигоров, основачот на Логин Системи, со голем ентузијазам се бореа да се тргнат тие административни пречки и PayPal (a подоцна и другите сервиси што се појавија како конкуренција, н.з.) да може да ги понудат своите услуги на македонските граѓани.
„Од досегашните разговори и дискусии со различни групи на луѓе можам да заклучам дека повеќето од државните службеници задолжени за проблематиката на економија, платежни услуги, законска регулатива, па и царина според некои сознанија, недоволно ја согледуваат потребата од воведување на Пејпал за продажни места во Македонија. За нив, потребите на малите и микро фирмите како да не постојат.“, напиша неодамна Глигоров на својот блог посветен на проблематиката околу доаѓањето на PayPal во земјава.
„Не можат да сфатат дека и веб сајт од 200 евра е скапа работа ако не си почнал да продаваш производ или услуга. Не можат да сфатат дека ако се воведе PayPAl, производите и услугите на илјадници индивидуалци ќе може да се продаваат дома и во странство преку праќање на e-mail и линк до PayPal за плаќање. Наместо веб сајт со многу страници, доволна ќе биде една страна со една или повеќе слики и копчиња со линк до PayPal за плаќање.“, додава Глигоров.
world_money_shutterstock_108783959Извонредна можност за мали трговци, изработувачи на ракотворби…
Глигор Дачевски, исто како и Глигоров еден од најискусните претприемачи во ИТ секторот во земјава, вели дека имало периоди кога на неговите бизниси и тоа како им требало сервис од типот на PayPal.
„Мислам дека никогаш отворено не се кажа дека има ограничувања од страна на државата за овие сервиси, ама неофицијално се знаеше. Но, се забошоти кога дозволија преку PayPal само да се плаќа од земјава кон надвор, што за фирмите и граѓаните што се заинтересирани да купуваат од странство, најмногу кинеските трговски сајтови, беше супер опција, меѓутоа ние коишто продававме софтверски апликации, а и останатите фирми што продаваа нешто надвор од земјава, не можевме да наплаќаме преку PayPal. И тоа беше така со години, се мачевме, губевме пари…“, вели Дачевски.
Тој додава дека малите трговци, изработувачи на накит и сл., многу тешко би можеле да направат наплата преку домашните процесори за плаќање, додека преку PayPal на пример, им треба само account поврзан со e-mail адреса.
„Сега бизнисот не ни е врзан со оналјн плаќања и немаме проблеми во таа насока, но немам намера да се посветам на било какви опции кај што е инволвирано онлајн плаќање додека не видам дека тоа што го овозможува сега регулативата ќе почне да функционира, односно барем еден голем светски процесор, не мора да е PayPal, ќе отвори можност за компании од земјава да наплаќаат од странство.“, вели Дачевски.

FOto za ramkaСпоредба на постапка за електронска трговија преку банка и преку PayPAl

„Отворање на продажно место преку банка е поскапо и посложено од отворање на продажно место преку PayPal. Ако си преку банка, програмери и нивната тарифа ти е задолжителна ставка во трошоците. Ако си со PayPal, може да направиш веб страна или веб сајт кој ќе биде бесплатен и да го вметнеш без програмирање копчето PayPal. “, вели Венко Глигоров од Логин Системи.
Постапка со банка
  1. Отвораш сметка во банка во Македонија (ако веќе немаш отворено)
  2. Правиш веб сајт со листа на производи и кошничка. (задолжително)
  3. Пополнуваш формулар за продажно место
  4. Контактираш со банката за интерфејс и усогласување
  5. Контактираш со програмери за да го вградиш во сајтот
  6. Праќаш e-mail со информација за продажно место
Постапка со PayPal
  1. Отвораш сметка во банка во Македонија (ако веќе немаш отворено)
  2. Правиш веб сајт со листа на производи и кошничка (не е задолжително)
  3. Отвораш account во PayPal и ја поврзуваш сметката од банка со PayPal
  4. Правиш e-mail со производот и го праќаш на e-mail на кого сакаш или ставаш слика со производот и копче PayPal на празна страна и почнуваш со продажба

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×