Се одржа првиот Балкански претприемачки самит во Скопје
Објавено на од во Events

6Многу позитивна енергија и елан на едно место

Претприемачи, директори, сопственици на компании, како и луѓе од политиката од земјава, регионов и светот учествуваа на првиот Балкански претприемачки самит што се одржа минатата недела, на 13 септември, во Скопје во организација на Стопанската комора на Македонија и Центарот за неформално образование „Creative Hub“, на којшто  своите искуства на неколку панели ги споделија повеќе од 30 светски признати говорници од Франција, Грција, Индија, Бугарија, Турција, Албанија и од Македонија. 

„Ние сме нова генерација  бизнисмени кои веруваме дека она што можеме да го понудиме е еднакво добро како во  Лондон или Њујорк. Но, свесни сме дека  условите не се исти. Затоа, дел од темите  на овој претприемачки самит имаат за цел да ги покренат токму овие прашања: како да создадеме услови за формирање на инвестициски компании, како да се справиме со проблемот на лош образовен систем и неквалификувана, но и демотивирана работна сила, или како да создадеме  препознатлив бренд. Тука сме денес за да запознаеме нови соработници, можеби  идни бизнис партнери, но и  да слушнеме различни пристапи и да создадеме  нови идеи за раст и развој на нашите компании.“, порача при отворањето на Самитот, Аријана Коскарова, којашто заедно со својот брат Бојан Коскаров, се сопственици на Creative Hub и ко – организатори на првиот Балкански самит за претприемништво што се одржа во Скопје на 13 септември.
Таа додаде дека нејзината генерација е свесна оти за успех  е потребна помош.
„Потребна ни е заедничка поддршка од   Владата, потребна ни е поддршка од финансиските институции, потребна ни е поддршка за да ги задржиме добрите кадри тука. Јас и брат ми,  како и 80% од гостите во публика сме легитимни бизниси кои сакаме прогрес и имаме желба да  да живееме тука, но, со исти  можности како нашите колеги од Берлин, Лондон или Монако.Помогнете ни да ја формираме заедно следната претприемачка нација!“, беше апелот на Коскарова.
Владиниот врв им порача на младите да не се плашат од претприемништвото
Самитот кој имаше обемна целодневна агенда распоредена во четири панел дискусии и презентирање на лични успешни претприемачки искуства, почна со поздравни обраќања на премиерот и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Зоран Заев и д-р Кочо Анѓушев.
Премиерот акцентот на своето излагање го стави на интегрирањето на земјата во евроатланските организации, интензивирање на регионалната соработка и поддршка на владините политики за поттикнување на економскиот раст што на крајот треба да донесе подобар животен стандард на сите граѓани во земјата.
20e1„За да се успее во бизнисот мора да се изградат партнерства“, рече Заев, а „економијата е сферата каде најлесно се гледаат ефектите од добрите политики кои се преземаат за поддршка на претприемништвото“. Во таа насока преку активните владини мерки премиерот најави дека фокусот во оваа, но и следната година ќе биде во развивање и менаџирање на талентот, инвестиции во човечки капитал како основа за раст и порача дека секој што сака да успее во бизнисот треба да разговара со успешните претприемачи.
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори д-р Кочо Анѓушев, цитирајќи ја позната мисла од Линколн дека „ако сакате да може да ја предвидувате иднината постои еден начин, а тоа е да почнете да ја создавате“, им порача на младите претприемачи – да го следат и да го развиваат инстинктот, но и да сонуваат, бидејќи само оној кој сонува може да стигне и до реализирање на сонот, односно визијата.
Во име на Стопанската комора на Македонија в.д. извршниот директор Билјана Пеева – Ѓуриќ, посочи дека претприемачките способности на двајца млади македонски претприемачи, коишто годинава се  дел од елитното друштво на „Forbes 30 under 30“ за Европа во категоријата „Социјални претприемачи“, беа препознаени од Стопанската комора на Македонија и токму затоа, „Комората на Аријана и Бојан Коскарови кои се основачи на моделот за иновативно неформално образование Creative Hub им даде шанса и заедно со нас денес се организатори на овој Балкански претприемачки самит.“
„Оваа силна поддршка, укажува на фактот дека претприемништвото сите овие години има големо значење, но и дека во суштина, претприемачите се креатори на работни места, обучувачи, иноватори, креатори, преземачи на ризик, активни членови во заедницата и движечка сила во рамките на конкурентноста и растот на економија. Токму од тие причини, потребно е на претприемништвото во иднина да му се даде и поголем приоритет“, потенцираше Пеева – Ѓуриќ.
22e1Како се градат бизниси на Балканот
На првата панел дискусија, „Градење синергии“, зборуваа неколкумина млади претприемачи и бизнисмени од регионов, споделувајќи ги своите искуства за градење бизниси во балкански услови.
„На Балканот мора да сте многу снаодливи, спремни за самите да си направите или поправите многу нешта“, рече Александер Најденов, по потекло од Бугарија, инаку долго време живеел и во Германија и ко – основач на компанијата PaperHive, онлајн научна колаборативна платформа што им помага на истражувачите да ја поедностават меѓусебната комуникација.
„Сега во Бугарија, како членка на ЕУ, не е тешко да се отвори бизнис. Предизвиците се други, предизвик е што балканските пазари поединечно, па и заедно се мали, ако сакате да имате динамичен раст на вашиот стартап мора да сте насочени кон светскиот пазар“, рече Најденов.
Бојан Коскаров од Creative Hub, истакна дека во балканските општества недостасува квалитетно бизнис образование, уште од основните училишта.
„Кога отворавме фирма со сестра ми, едноставно немавме поим што с$ треба да направиме. Треба во образованието да се направат посебни модули за луѓе што себеси се гледаат како претприемачи, што сакаат да отворат свои бизниси во иднина“.
На панелот учесник беше и Фатмир Хисенбелиу од Албанија, потпретседател на една од најмоќните бизнис групации во оваа земја, Hysenbelliu Group, основана од неговиот татко пред речиси три децении и активна во повеќе сектори, како хотелиерство, образование, дистрибуција, итн.
Тој истакна дека на Балканот многу е битна лојалноста и визијата.
„Ние сме мали земји, но лојалноста е силно изразена во нашите култури, зборувам од искуството во Албанија, пред с$, но верувам така е и кај другите. Ако му се случи нешто на партнерот, добавувачот, потрошувачот, сите ќе дознаат за тоа, бидејќи сме мали средини, сите се знаеме, што се вели. Исто така и визијата за вашиот бизнис е клучна за успехот. Мојот татко и кога губевме многу пари од различни причини, знаеше да каже дека пари сме изгубиле, но визијата не.“, рече Хисенбелиу.
Задржување на младите кадри огромен предизвик за регионов
Васил Наци основач и сопственик на „Агна Груп“ од Албанија, една од најмоќните бизнис групации во земјата во моментов, имаше интересна презентација, споделувајќи ја својата бизнис филозофија која меѓу другото вклучува и Академија за лидерство, специјално дизајнирана програма за вработените во „Агна“. Наци смета дека успешна компанија потребно е да има систем кој ќе осигури дека вработените се мотивирани, бидејќи таквите вработени даваат најдобри резултати за компанијата, а вработените всушност, се лицето на компанијата.
Еван Лутра, индиски сериски претприемач, пред присутните во Скопје раскажа како од 12 – годишна возраст, користејќи ги компјутерите на татко му започнал да создава мобилни апликации, во времето кога мобилните апликации се’ уште не биле во подем.
„Многу е битно да знаете што сакате и да го насочите вашиот потенцијал кон правење на најдоброто што го знаете“, рече Лутра.
22 eАкаш Мехта, глобален менаџер за дигитален маркетинг на светскиот гигант во модата „Диор“ се фокусираше на улогата на тренд-сетерството (trendsetter) во продажбата и маркетирањето на брендови преку социјалните медиуми, вклучително и брендирање на личности како претприемачи (инфлуенсери). Според статистиката која тој ја има направено, секоја личност просечно го проверува телефонот на секои 12 минути и има над 7 апликации во телефонот.
„За да разбереме како брендот може да функционира подобро“, тој вели дека „37% од потрошувачите ги користеле социјалните медиуми пред да се одлучат да купат производ, а 42% од компаниите користат стратегии на влијаење преку инфлуенсери“.
На Самитот имаше и панел посветен на проблемот со којшто се соочуваат сите балкански земји, а тоа е големиот одлив на млад и квалификуван кадар во странство.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска истакна дека младите си одат од државата од повеќе причини, а не секогаш платата е клучниот фактор.
„Ние досега изминативе 30-тина години во независна држава не создадовме систем, за жал, за којшто младите ќе чувствуваат дека им помага, ги поддржува во нивниот професионален и животен раст. Критериумите за напредување, особено во државните служби многу често не се компетентноста и креативноста, туку некои други фактори. Ние како влада креиравме повеќе политики со цел да ги задржиме младите луѓе во земјава, но ќе биде многу тешко, затоа што пред с$ мора да создадеме систем во којшто тие ќе веруваат“, рече Царовска.
Марко Кутревски, претседател на УО на Пекабеско, рече дека како компанија имаат сериозен предизвик за задржување на кадрите, особено пониско квалификуваните, односно пониско платените позиции, па морале да ја качат платата 20% оваа година.
„Мораме да се грижиме за своите вработени, едноставно, несреќен работник, не е добар работник. За волја на вистината, среќаваме и примери кај младите луѓе, што е многу жално, каде што едноставно не сакаат да работат. Позаинтересирани се за некаков продолжен викенд и сл., одошто да работат во сабота и да заработат повеќе, на пример.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×