За прв пат во Македонија ќе се формираат три акцелератори за стартап фирми
Објавено на од во Компании

AkceleratorДеловно-технолошки акцелератор „УКИМ“ ДОО Скопје, „СЕАВУС“- едукативен и развоен центар и Друштвото за деловна, техничка поддршка и едукација „ИКС Фактор“ се трите конзорциуми избрани од Комитетот за одобрување на инвестициите, со кои Фондот за иновации потпиша договори за финансиска поддршка за отворање на три бизнис акцелератори за стартап фирми основани од млади претприемачи и иноватори.

Со овој проект на младите луѓе кои поседуваат креативни бизнис планови ќе им се понуди можност и поддршка за развој на конкретни бизниси и старт ап компании. Вкупниот буџет за сите три проекти е 2 милиони евра од кои Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во соработка со Светската банка обезбедува 1,5 милиони евра, додека трите бизнис акцелератори вложуваат половина милион евра сопствени средства, соопштуваат од Владата.

Во следните три години овие три бизнис акцелератори ќе овозможат финансиска поддршка на 100 стартап компании.
Во рамки на бизнис акцелераторите, младите претприемачи и иноватори ќе ја имаат целосната поддршка, менторство и сите потребни услови за развој на нивните бизнис планови и иновации.На младите кои ќе стартуваат со бизнис овие бизнис акцелератори ќе им нудат простор, опрема и обуки за реализација на нивните бизнис плановите.
Потенцирајќи дека се работи за прв проект за поддршка на бизнис акцелератори во Република Македонија, премиерот Зоран Заев информираше дека тие ќе понудат силна база на поддршка, едукативни програми, стручни анализи на пазарот, обуки за практична примена и имплементација на новите технологии и иновации и огромна бизнис поддршка којашто ќе им овозможи на старт ап компаниите успех, брз раст и напредок.
“Ваквите проекти го покажуваат настојувањето на Владата на Република Македонија за достигнување на европските стандарди на работа со што се создаваат реални бизнис можности за младите да  работат и градат иднина дома во својата земја”, изјави премиерот Заев.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев ги повика младите да ја искористат оваа шанса што им се нуди за развој на нивните иновативни и креативни идеи.
„Јас им препорачувам и сугерирам на сите млади луѓе во земјава да ја искористат оваа шанса и во рамките на акцелераторите да аплицираат да формираат своја фирма, бидејќи многу е важно дека не само финансиски што ќе бидат поддржани, не само што ќе бидат поддржани со простор и опрема каде што ќе можат да формираат својата фирма, туку ќе бидат поддржани и со знаење, „knowhow“ од областа на менаџментот како своите фирми да ги водат, да ги управуваат и со самото тоа да станат успешни. Акцелераторите се место каде што треба младите луѓе да формираат свои фирми и да ги реализираат своите соништа“,  рече Анѓушев.

Според директорот на Светска банка за Македонија и Косово, Марко Мантованели бизнис акcелераторите се важни за поддршката иновативноста во приватниот сектор.

“Акцелераторските услуги се важни затоа што овозможуваат информации, совети, консалтинг, менторирање и друга деловна поддршка на новооснованите претпријатија, со цел да се поттикне нивниот деловен развој и комерцијализација. Ние како Светска банка сме горди што сме дел од овој проект и што можеме да помогнеме да се надмине јазот помеѓу истражувањето и развојот и потребите на претпријатијата. Како што приклучувањето во Европа станува се пореално, се надеваме дека уште повеќе ќе станува пореално во идните месеци, капацитетите на фирмите да се натпреваруваат на европските и глобалните пазари е дотолку поважна”, изјави Мантованели.
Директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски изјави дека со формирањето на овие бизнис акцелератори за млади Македонија станува дел од успешните светски приказни и модели.

Весна Ивановска, генерален менаџер на Сивус едукативен и развоен центар изјави дека ова е пионерски чекор во Македонија за формирање на првите деловно технолошки акцелератори со што земјата конечно ќе фати чекор со европските и регионални иницијативи за една многу посуштинска и посистематизирана поддршка на новооснованите фирми.
“Овој проект има многу голем социјален импакт и очекуваме дека ќе ги охрабри младите бизниси и ќе им понуди поддршка на почетокот кога најмногу им е потребна. Новите бизниси можат да растат многу брзо, но само ако имаат добра и квалитетна поддршка. Ова е исто така можност и чекор да ја заживееме посилно претприемачката култура во Македонија сите заедно, почнувајќи од формалното образование, па до инвестициските фондови, како и стартап заедницата во Македонија која ја поканувам да биде наш партнер во овој проект”, изјави Ивановска.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×