Се подготвува ново законско решение за пазарџиите, лиценците ќе останат
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Ново законско решение се подготвува за работењето на пазарите. Владата, односно Министерството за економија работи на решение заедно со претставници на сите стопански комори.
Pazar-1Ова го најави министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање.
Според него, се одложува законското решение донесено оваа година.
„Тоа нема да опстои како решение предложено пред една година. Во меѓувреме разговараме со сите засегнати страни за да најдеме решение“, изјави Бектеши, додавајќи дека остануваат на предлогот пазарџиите да поседуваат лиценца за работа.
Пазарџиите согласно постојното законско решение од јануари треба да поседуваат лиценца за работа која ја обезбедуваат едно здружение, а со новото, како што се најавува, лиценците ќе ги издаваат сите стопански комори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×