Се подготвува Специјален претставник на ЕУ во Македонија, како по конфликтот од 2001
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) сериозно ја разгледува можноста да испрати Специјален претставник на Европската унија во Македонија, кој директно би учествувал во преговорите за разрешување на политичката, но и потенцијалната безбедносна ситуација во земјата, а кои се водат меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ДУИ.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, по ветувањето што им го даде еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан на премиерот Никола Груевски и на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, при посредувањето во нивните преговори во Стразбур, дека официјален Брисел ќе испрати посебен претставник што ќе партиципира на преговорите што од вторник идната недела продолжуваат во Скопје, во рамки на ЕЕАС на Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, веќе се работи и на таков избор.

Висок претставник на Европската комисија, кој инсистира на анонимност, за МИА денеска потврди дека во ЕЕАС се прави филтер на можни кандидати што пред се ја познаваат ситуацијата во Македонија, а кои не би имале судир на интереси, односно да не биле политички активни или ако биле, да не се припадници на социјал-демократска или демохристијанска опција. А, поради безбедносните импликации по терористичкиот напад во Куманово, ЕЕАС и Еврокомисијата размислуваат нивниот пратеник да има пошироки овластувања, па затоа се цели тој да има мандат на Специјален претставник за Македонија.

Последен таков претставник на ЕУ во Македонија беше Французинот Ален Ле Роа, кој беше во Македонија по воениот конфликт во 2001 година. Денес, Ле Роа е генерален секретар на ЕЕАС.

Со оглед на тоа што преговорите Груевски-Заев продолжуваат во вторник, во Скопје, можно е ЕЕАС и воопшто Европската унија, дотогаш да не стигнат со изборот на свој претставник, па, на средбата да ги претставува амбасадорот на Унијата во Македонија, Аиво Орав, заедно со шефот на американската амбасада Џес Бејли.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×