Сè помалку нови бизниси се отвораат, сè повеќе фирми за затвораат
Објавено на од во Компании

 

Претприемачката иницијатива во Македонија се намалува

 

34347408 - shop with the blinds down and the sign, sorry we are closed

Минатата година се отвориле вкупно 7.896 нови фирми што е 4,8% помалку отколку годината претходно. Најмногу нови бизнис почнале во секторот трговија на големо и мало и тоа дури 2.152, потоа во секторот други услужни дејности се отвориле 1.107 нови компании, а 807 во стручни, научни и технички дејности. По одделни региони, очекувано, најмногу нови компании во текот на 2017 година се регистрирани во скопскиот и тоа 2.998 фирми, а најмалку пак во североисточниот регион и тоа само 404 компании. Меѓутоа, ако се анализираат податоците за последните десет години, евидентно е дека минатата година е една од најслабите според бројот на нови регистрирани компании. Пикот на овој графикон достигнува во 2010 година кога се уште не се чувствуваа значително негативните последици од економската криза и регистрирани биле 11.685 нови компании. Поразителен е и фактот што во 2017 година, дури 4.029 фирми згаснале што е за 14,8% повеќе споредено со годината претходно.

 

Има ли во земјава доволно луѓе со претприемачка иницијатива на кои им се случува да им „светне сијалицата“ и да ги натера да отворат нов бизнис?! Статистичкиот одговор на ова прашање покажува тренд на намалување на иницијативата за отворање нови бизниси.

Податоците од Централниот регистар покажуваат дека минатата година се отвориле вкупно 7.896 нови фирми што е 4,8% помалку отколку годината претходно. Најмногу нови бизнис почнале во секторот трговија на големо и мало и тоа дури 2.152, потоа во секторот други услужни дејности се отвориле 1.107 нови компании, а 807 во стручни, научни и технички дејности. По одделни региони, очекувано, најмногу нови компании во текот на 2017 година се регистрирани во скопскиот и тоа 2.998 фирми, а најмалку пак во североисточниот регион и тоа само 404 компании.

Меѓутоа, ако се анализираат податоците за последните десет години, евидентно е дека минатата година е една од најслабите според бројот на нови регистрирани компании. Пикот на овој графикон достигнува во 2010 година кога се уште не се чувствуваа значително негативните последици од економската криза и регистрирани биле 11.685 нови компании.

cover-978-979 grafik 01Поразителен е и фактот што во 2017 година, дури 10.577 фирми згаснале, така што произлегува дека повеќе бизниси се затвориле одошто се отвориле. Меѓутоа, во овие податоци се вкалкулирани и избришаните деловни субјекти по службена должност, односно дел од акцијата што почна пред три години за чистење на регистрите од неактивни компании коишто подолг период не доставиле годишни сметки. Без нив, бројот на затворени компании лани изнесува 4.029 но е зголемен во споредба со годината претходно, за 14,8%.

Консултанти за Капитал тврдат дека сепак оваа законска можност во многу случаи се злоупотребува, па по службена должност се бришат блокирани компании коишто имале ликвидносни проблеми и реално требало да отидат во стечај. Нашите соговорници тврдат дека има случаи кога оваа можност се користи за да се избегне стечај, односно сопствениците на фирмите да не ги платат долговите кон доверителите од стечајната маса, бидејќи затворањето на фирма по службена должност им гарантира дека имотот ќе им остане во сопственост на газдите.

Како што шансите да отворите нов бизнис се најголеми во услужните дејности, бидејќи е потребен помалку капитал за старт, таму најголеми се и шансите да пропаднете.

По одделни сектори, исто како и според бројот на нови регистрирани фирми, прв на листата е секторот трговија на големо и мало од каде што се избришани дури 1.403 компании. На второ место е преработувачката индустрија каде што лани се затвориле вкупно 451 компании а потоа следува секторот дејности со храна и објекти за сместување каде што згаснале 398 компании.

Уште еден податок којшто укажува на зголемен тренд на банкротства лани е бројот на покренати стечајни постапки, кој достигна 1.893 и е зголемен за третина на годишно ниво.

Има неколку најчести причини за пропаѓањето на фирмите. Една од причините секако е кризата, односно слабата економска активност минатата година која беше сведена на нула. Евидентна е неликвидноста, падот на куповната моќ, па сите оние што планирале со оптимистички проекции сега се непријатно изненадени.

Друга причина е лошото планирање. Секој проект кој се финансира со кредити, како што бараат и банкарите, треба да биде добро анализиран, да се направат прецизни, конзервативни, проекции и да се предвидат стратегии за излез, односно надминување на проблемите со ликвидноста до кои може да дојде.

Според некои проценки, блокирањето на фирмите во Македонија во најголем дел произлегува од обврските по основ на повеќе јавни давачки како комунални трошоци, даноци, а дури на крајот доаѓаат долговите по кредити и други облигации.

Банкарите со својата верзија на приказната, уверуваат дека прават се за да им помогнат на компаниите да ги надминат финансиските проблеми без фатален крај за бизнисот.

Велат дека клучно е да се направи соодветна анализа на бизнис планот и финансиската состојба на секој бизнис.

„Сметаме дека уште во почетната фаза можат да се спречат и променат некои параметри кои претставуваат потенцијален ризик за развојот на бизнисот и неговата способност да го отплаќа долгот. Тука лежи клучната улога на банката. Дополнително за претпријатијата кои и покрај тоа се соочуваат со финансиски тешкотии за отплата на долгот, зависно од случајот нудиме реструктурирање на истиот односно зголемување на рокот на отплата како би се намалила месечната рата. Кај некој бизниси кај што постои изразена сезонска чувствителност, на клиентите им овозможување прилагодување на рокот на отплата според сезоните со цел да не ја загрозат тековната ликвидност и да не западнат во финансиски тешкотии за сервисирање на долговите“, коментираат банкарите

Анализирајќи ги причините зошто бизнисмените се доведуваат во була, велат дека намалената побарувачка во некои сектори и намалувањето на производството не е клучниот проблем што предизвикува банкротства, туку лошо менаџирање на компаниите.

cover-978-979 grafik 02Зошто најмногу трговски фирми?!

Демографијата на новите отворени фирми лани покажува дека стопанството се збогатило најмногу со трговци на големо и мало кои што најчесто продаваат облека или храна. Експертите објаснуваат дека ваквата слика е резултат и на банкарските принципи да не финансираат почетни бизниси, така што во услови кога нема кредитна поддршка, највозможна варијанта е отворање мал бизнис, а изборот во тој случај вообичаено паѓа на трговијата. Меѓутоа, проблематично е и тоа што овие мали бизниси вработуваат само малку луѓе.

Доколку ги анализираме податоците за новооснованите субјекти во последните пет години може да се заклучи дека најактуелни дејности биле угостителството, невладините организации, малопродажбата на храна и облека, како и салоните за убавина. Во овие дејности се основани над 25% од вкупниот број на новите компании во Македонија во изминатите години. Процентот на компании кои се регистрирани во било која од производствените дејности односно во сите дејности на преработувачката индустрија изнесува 9,71%, додека 14% од новите фирми се основани во дејностите на земјоделство, шумарство и рибарство и дејностите на рударство и вадење на камен.

Овие проценти само укажуваат на фактот дека најголем дел од претприемачите се одлучуваат да инвестираат во бизниси кои не се креативни и не создаваат додадена вредност. Напротив, пазарот станува толку заситен што голем дел од нив и едвај егзистираат.

Експерти од центрите за развој на нови бизниси велат дека досегашното искуство покажало дека најлесни за започнување се т.н. услужни бизниси (ИТ фирми, консултантски компании, маркетинг компании, дизајн студија, и други услужни бизниси.

„Зошто е тоа така?! Пред се, почетните трошоци се минимални (компјутер, основен софтвер и основен инвентар) и често бизнисот е поврзан со хоби или активност која младите ја сакаат и со задоволство ја работат. Еден од клучните елементи за успех во работата кај старт-ап бизнисите е голема упорност и посветеност на она што се работи и остварување на што е можно поголем број на контакти и нетворкинг во функција на формален и неформален маркетинг и ширење на „абер“ за бизнисот. Во вакви случаи почетокот на бизнисот е можен со средства од 2000 – 5000 евра. Веќе се јавува проблем кога се сака да се направи бизнис кој во себе вклучува производство. Тука се потребни поголеми средства и за млади лица, колку и да е иновативна идејата, тешко е да се обезбедат десетици илјади евра почетен капитал. Обезбедувањето на посериозен старт-ап капитал е еден од клучните проблеми за започнување на бизнис (особено во прозиводната сфера)“, оценуваат експертите.

Освен тоа, велат дека друг проблем е се уште недоволно развиениот менталитет кај младите за самовработување наспроти работа во голема компанија или во јавна администрација.

„Треба да поминат уште најмалку 10 години за да се смени свеста за младите да се охрабрат и да започнуваат сопствени бизниси. Иако властите прават напори со интензивирање на претприемачкото образование во средното и основното образование да го поттикнат иновативниот дух и да ги развие претприемачките компетенции кај младите, овие напори ќе вродат со плод во некој среднорочен период“, велат познавачите.

На македонската економија и е потребен претприемачки дух кој ќе биде насочен кон производство, обработка и доработка, велат економските експерти. На економијата и требаат бизниси кои ќе ја искористат евтината работна сила и географската позиција и ќе се насочат кон извоз, а не кон борба со конкуренцијата на и онака малиот македонски пазар.

cover-978-979 grafik 03Кои бизниси се најжилави?!

Ако во светски рамки, околу 50% од новите компании пропаѓаат во првите пет години (стапка на преживување според неколку извори Forbes, Gallup…) во Македонија нешто помалку од половина, поточно 43,2% од новосоздадените компании во 2009 година во Македонија сè уште биле активни во 2014 година, покажаа последното истражување на Државниот завод за статистика.

Во Македонија државната статистика измерила дека 79,4% од новоформираните фирми ја преживуваат првата година, 52,6% првите две, 48,1% првите три, 37,6%првите четири години…

Гледано по бизнис сектори, првата година ја преживеале најмногу фирми отворени во здравствената и социјалната заштита, и тоа дури 92,8%, Трговијата на големо со информатичко – комуникациска технологија, 91,7%, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа, 91,4%, Финансиски дејности и дејности на осигурување, 90%, итн.

Кога станува збор, пак, за првите пет години, исто така најмногу преживуваат компаниите од здравствената дејност, со 79,5%. Во случајов, оваа дејност води убедливо пред другите, високо над просекот на целата економија од 43,2%. Втората според стапката на преживување е дејноста Стручни, научни и технички дејности, со 56,9%, Снабдување со ел.енергија и гас, со 56,5%, ИКТ трговија на големо, со 56,3%, итн. Најмногу фирми пропаднале, односно најмалку ги преживеале првите пет години во секторите: Снабдување со вода; управување со отпад и санација на околината, со само 27,9%, Уметност, забава и рекреација со 29,8% и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна со 30,4%.

„Во здравствената заштита влегуваат голем број приватни лекарски ординации и аптеки, а особено голем број ординации отворија матичните лекари откако законски се префрлија во приватниот сектор. Исто така, тука влегуваат и приватните лаборатории за био- хемиски анализи и слични организации, кои што во принцип, бележат брз, но и стабилен развој“, објаснуваат експерти од областа.

Велат дека не е чудно што овој сектор има речиси двојно поголема стапка на преживување во однос на просекот на целата економија.

„Се работи за гранка која што опфаќа грижа за здравјето, луѓето мора да одат на лекар, да купат лекови, пазарот е сигурен, ако така може да се каже“

Иако фактот дека имате 50% шанси да ги доживеете првите пет години не звучи претерано охрабрувачки, работата е во тоа што не морате се да и препуштите на веројатноста. Неколку македонски претприемачи кои што ги преживеале првите критични години велат дека од сопствено искуство, новите бизнисмени мора да внимаваат на неколку работи главно, и тоа да нема измами помеѓу партнерите во компанијата, да се избегнуваат ортачки бизниси, испумпување на пари од компанијата за купување скапи предмети за приватни потреби на сопственикот за сметка на нова машина, хала, маркетинг или плати. Потоа, да се одбегнува преголемо инвестирање во рамки на една активност, неусогласено со потребите на пазарот, презадолжување, особено кога се работи за краткорочни кредити за долгорочни проекти, расплинување на многу страни, влегување во ризични бизниси, поради поголеми профити, без оглед на тоа што тоа нема врска со работата врз која се гради успехот и името на компанијата.

Нивен совет е во ситуација во која што не ви е потребен кредит или не мора да барате инвеститори, наједноставно е да се прескокне изработката на бизнис планот, или тоа да се остави за подоцна. Меѓутоа, пишувањето на бизнис планот е извонреден начин јасно да ја дефинирате сопствената визија. Во секој случај, ќе би помогне да одговорите на некои битни прашања: Што се обидувам јас да решам? Чии животи сакам да ги унапредам? Кои се реалистичните рокови за поедини почетни фази на работењето?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×