Се повеќе паѓа цената на електричната енергија од сончевата и ветерна енергија
Објавено на од во Економија

Струјата произведена  со ветерници и соларни електрани генерално ќе биде поевтина од онаа произведена со кое било фосилно гориво следната година, што е во корист на алтернативните изворите на енергија без јаглеродни емисии, се вели во вчерашниот извештајот на Меѓународната агенција за обновлива енергија (IRENA).

veteren-parkОбновливите цени на електричната енергија веќе имаат тренд на опаѓање, а извештајот  содржи нови податоци за стапката на опаѓање, заедно со поголемо производство и подобрена технологија.

“Енергетските централи на ветер на копно и сончеви системи ќе бидат генерално поевтини извори на нова електрична енергија во споредба со најевтината алтернатива на фосилни горива без финансиска помош”, објавија од ИРЕНА.

Целта на ИРЕНА е да ги поддржува земјите во транзицијата во одржливи извори на енергија.

Глобалната пондерирана просечна цена на електричната енергија произведена од концентрираната енергија на Сонцето, минатата година се намали за 26%, според податоците собрани од агенцијата.

Цената на електричната енергија произведена од биоенергија е намалена за 14%, трошоците за електрична енергија генерирани од сончевите системи и фарми со ветерници за 13%, од хидроелектрните за 12%.

Трошоци за производство на електрична енергија од геотермална и ветерна енергија на море се намалуваат, барем 1%.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×