Се предлага ограничување на бројот на вработени во општинските администрации врз основа на бројот на жители
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска на регионалниот форум „Општините и граѓаните заедно кон подобар буџет“, заклучи дека треба да се ограничи бројот на вработени во општинските администрации врз основа на бројот на жители.
млсОдговарајќи на новинарско прашање околу податокот што беше објавен вчера, дека на секои 36 часа се вработува по едно лице во органите на локалната самоуправа, Милевски нагласи дека мора да се најде една средина, односно, како што е и барањето на ЗЕЛС, секој градоначалник да има свој кабинет што ќе има вработени кои ќе бидат со мандат додека трае мандатот на градоначалникот.
„На тој начин ние нема да ја зголемуваме јавната администрација затоа што секој градоначалник ќе си доаѓа со свој тим, ќе ги имплементира проекетите и ќе си замине, така што нема постојано да ја дуеме таа јавна администрација, бидејќи еден ден ќе пукне како балон. Тоа не е случај само со општинската администрација, треба да се најде модул и за јавните претпријатија. Тие не треба да ги трошат парите само за плата, социјалниот мир да се средува, туку парите треба да ги инвестираат во нова комунална инфраструктура. Кога ќе се види колку илјадници луѓе има во јавната администрација треба да се процени дали е неопходно толку многу вработени да има во овие претпријатија“, рече министерот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×