Се пробиваат сите рокови за наплата, компаниите на работ на неликвидност!
Објавено на од во COVER STORY

Desperate and unlucky businessmanНеизвесноста ги стави плаќањата на пауза

Менаџерите што ги консултиравме потврдуваат дека техничката влада ги паузира плаќањата на државата и нејзините институции кон приватните компании, откако претходно јавно алармираа дека долгот надминува една милијарда евра. Меѓутоа, освен државата, нередовно плаќаат и приватните фирми. „Речиси и да нема компанија која што плаќа редовно“, велат бизнисмените. Најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации спроведено во текот на ноември и декември лани меѓу компании кои што добиле државни тендери, покажа дека просечното време што гочекаат за наплата на побарувањата за спроведените договори за јавни набавки е 6месеци.

 

Државата и нејзините институции ги паузираат плаќањата кон приватните компании и го блокираат целиот бизнис сектор, велат менаџерите што ги консултиравме откако тие алармираа во јавноста дека јавниот долг кон стопанството надминува една милијарда евра.

Според нив, техничката влада веќе некои време не врши плаќања или тоа го прави со задоцнување со што неликвидноста во бизнис секторот се продлабочува.

Еден од потпретседателите на Стопанската Комора на Македонија, Горан Рафајловски, вели дека властите на централно и локално ниво, не ги потпишуваат налозите за плаќања кон приватните фирми.

„Финансиските проблеми на државата очигледно се продлабочуваат и тоа најмногу го чувствуваат приватните компании. Повторно ќе кажам дека долгот на државата по разни основи кон стопанството дури е повисок од една милијарда евра и затоа сметам дека ќе биде неминовно задолжување, најдобро би било да се позајмат пари од меѓународни финансиски институции како ММФ со ниска камата, па потоа да се расчистат натрупаните државни долгови. Би било добро властите да успеат да позајмат поголема сума пари, така што освен за раздолжување, да се искористат и за поголеми инвестиции во инфраструктурата и покривање на други буџетски дефицити, за да се зголеми ликвидноста во економијата“, вели Рафајловски за Капитал.

Извршниот директор на Стопанската Комора на Северозападна Македонија, Фатмир Битиќи, вели дека неликвидноста во последните 3-4 години е особено изразен проблем и станува се потешко да се наплати едно побарување.

„Неликвидноста на нашите компании е премногу изразена во последните 3-4 години и фирмите функционираат на работ на ликвидност. Бизнис секторот е многу подвижен, во зависност од индустријата и видот на производите варира и периодот на наплата на побарувањата во зависност од договорите што ги имаат фирмите. Оттука, многу е тешко да се извлече просек, но во глобала фирмите си наоѓаат начин како да ги „извлечат“ нивните пари, бидејќи во овие кризни времиња се потешко е да се наплатат побарувањата во пари“, вели Битиќи.

Според него, проблемот е особено изразен кога станува збор за договори меѓу приватни фирми и државни институции бидејќи во тој случај не може да се извлечат парите со разни компензации и слично. „Затоа велиме дека во ваква мала и кревка економија државата сериозно треба да биде претпазлива во подмирување на обврските спрема домашните добавувачи“.

Меѓутоа, она што ги загрижува бизнисмените е неизвесноста од политичката криза, односно формирањето на новата Влада и претстојните локални избори.

„Првин се надеваме дека нема да има големо одложувања на локалните избори, ние во повеќе наврати истакнавме дека ниту одложување на локалните избори ниту нови предвремени парламентарни избори (во овој случај се поизвесно е дека нема да има предвремени избори) нема да придонесе за економски раст. Напротив доколку се оствари ваквото сценарио тоа ќе биде голем удар за економијата кој што може да влијае не само на стагнирање на економијата, туку и регрес на економскиот раст и ова може да влијае на бизнисите да се соочуваат со проблеми, односно со неликвидност, вклучувајќи ги тука и државните институции. Поради овие причини ова во никој случај не треба да биде на агендата на политичките партии. Сметаме дека во овој период треба да владее разумноста кај политичките партии за реалните економски проблеми, а не за некои тесно партиски интереси“, истакна Битиќи.

10 coverНајновото истражување на Центарот за граѓански комуникации спроведено во текот на ноември и декември лани меѓу компании кои што добиле државни тендери, покажа дека просечното време што гочекаат за наплата на побарувањата за спроведените договори за јавни набавки е 6месеци. Ова е одредено подобрување во односна претходното истражување, кога просечнотовреме на чекање изнесуваше 8 месеци.

Подетално, 36,4% од фирмите изјавиле дека чекаатмеѓу 3 и 6 месеци за наплата на побарувањата,28,1% чекаат од 1 до 3 месеци, а 16,2% чекаатпо 6 до 9 месеци. 12,3% чекаат од 9 до 12 месеци, 3,9% меѓу 1 и 2 години, а 4,7% изјавиледека на наплата на побарувањата чекаат и поповеќе од 2 години.

Освен наплатата од државните институции, од јавните претпријатија и од општините, бизнисмените признаваат дека нередовна е и наплатата меѓу приватните фирми.

„Речиси и да нема компанија која што плаќа редовно. Ова е голем проблем во бизнис секторот. Нашето искуство е наплата во рокови од 60 до 90 дена што е во законските рамки, меѓутоа неретко има компании кои што ги пробиваат и овие рокови“, вели Горан Антевски, генерален директор на компанијата Раде Кончар ТЕП.

И последната анкета на Стопанската комора повторно како најголеми проблем во економијата ја посочи неликвидноста на приватните фирми.

Дури 40% од анкетираните бизнисмени одговориле дека плаќањата се вршат подоцна од договорените рокови.

„Ова особено е потенцирано дека се однесува кога компаниите даваат услуги на јавниот сектор и оваа наплата е со продолжени рокови кои, иако се договорни на 30, 60 или 90 дена, повторно не се почитуваат. Како резултат на ваквите состојби, од страна на бизнис – заедницата e посочено непочитување на одредбите од Законот за финансиска дисциплина, кој системски треба да ги регулира меѓусебните плаќања и исполнувањето на меѓусебните договори. Воедно, се јавуваат и случаи кога компаниите се принудени да земаат нови кредити за да ги намируваат своите потреби и обврски во работењето, бидејќи навремено не успеваат да ги наплатат побарувањата за услуги кои веќе ги реализирале кон клиентите со кои соработувале. На овој начин компаниите генерираат дополнителни трошоци и загуби, со што значително се нарушува нивната тековна ликвидност“, изјавија од Стопанската комора.

Последниот Извештај за финансиската стабилност за 2015 година што го објави Народната банка минатата година покажа дека точно четири месеци чекаат македонските компании во просек за да наплатат некое побарување. Овој просек е значително поголем кога станува збор за фирми загубари и тие едно побарување го наплатуваат просечно за дури 234 дена, додека пак профитабилните компании за наплата чекаат 107 дена.

Кога станува збор за исплата на обврските, роковите се дури и подолги. Така, краткорочните обврски македонските фирми во просек ги плаќаат за 175 дена.

Ова се убедливо најдолги рокови на плаќања во Европа и тоа го покажуваат и резултатите од истражувањето на шведската компанија Intrum која што секоја година го изработува европскиот индекс на плаќања, според кои со рок на плаќање од 80 денови, најнедисциплинирани се италијанските компании. Во Португалија и Шпанија, во просек се чека по 69 дена за наплата на побарување.

Од земјите во регионот, најлошо е рангирана Грција каде што за наплата од бизнис секторот се чека просечно по 63 дена, во Хрватска 51 ден, во Словенија 42 дена а во Бугарија 36 дена. За споредба, германските компании плаќаат во просек за само 15 дена.

Кога станува збор за плаќања на обврските од страна на јавниот сектор, повторно Италија е на дното на табелата каде што за наплата се чека 131 ден. Останатите држави кои што беа најпогодени од европската должничка криза, како Грција, Португалија и Шпанија, исто така ги пробиваат сите нормални рокови за плаќање на обврските.

Индексот на ризик во плаќањата пак на првите позиции како најдисциплинирани ги рангира Литванија, Данска, Австрија, Латвија и Словачка, додека пак на дното каде што ризикот е најголем се рангирани Босна, Италија, Португалија, Шпанија и Грција. Македонија не е вклучена во истражувањето на Intrum.

Ликвидноста под нормалните граници

Показателите кои што покажуваат каква е ликвидноста во бизнис секторот покажуваат дека македонските фирми немаат доволно пари за нормално работење.

Коефициентот за тековна ликвидност кој што би требало да изнесува 2, според податоците од Извештајот за финансиската стабилност за 2015 година, изнесува 1,25. Многу полош е овој показател кај фирмите загубари каде што изнесува само 0,79, додека пак кај профитабилните компании е 1,42.

Коефициентот на моментална ликвидност, пак, кој што треба да биде 1, минатата година е измерен дека изнесува 0,89. Висината на овие коефициенти јасно покажува дека најголемиот проблем на македонскиот корпоративен сектор е одржување задоволителна ликвидносна позиција, што се потврдува и со ниското ниво на показателот за паричната ликвидност.

И двата коефициенти споредено со 2014 година се зголемени за 0,02 процентни поени.

„Мало подобрување во 2015 година се забележува кај показателите за ликвидноста, иако тие сѐ уште се наоѓаат на релативно скромно ниво. Имајќи предвид дека во континуитет показателите за ликвидноста се наоѓаат на релативно слично ниво, се чини дека поради постоечкото скромно ниво на нето работен капитал на домашниот корпоративен сектор, во комбинација со структурата на тековните средства и нивните ликвидносни карактеристики, поголемиот дел од домашните претпријатија сепак имаат можност за одржливо оперативно работење“, пишува во Извештајот од Народната банка.

Економистите од централната банка потенцираат и дека е забележлива нееднаква распределба на ликвидноста помеѓу одделни фирми.

„Претпријатијата коишто прикажуваат добивка од работењето имаат речиси двојно повисока ликвидност во споредба со претпријатијата коишто работат со загуба. Ова се потврдува и преку негативниот нето работен капитал на субјектите од корпоративниот сектор што работат со загуба. По одделни дејности, највисоки показатели за ликвидноста се забележуваат кај дејноста „трговија, транспорт, складирање и угостителство“, кај која е концентриран речиси 60% од вкупниот нето работен капитал во корпоративниот сектор“, оценуваат аналитичарите на Народната банка.

Од бизнис секторот пак, коментираат дека годинава овие коефициенти и деновите на наплата на побарувањата ќе покажат дека неликвидноста е многу поизразена од лани.

„После оваа двегодишна политичка криза што го разори бизнисот, состојбата со наплатата на побарувањата не била никогаш полоша. Нема ниту еден параметар што би ни дал оптимистички очекувања дека нешто може да се подобри, туку напротив, сигурен сум дека коефициентите за ликвидност годинава се дури и полоши а и се чека повеќе денови за наплата. Приватните компании се истоштени од пролонгирањето на кризата, огромен дел од нив ништо не произведуваат, им се намалуваат нарачките од странство, се намалува потрошувачката и на домашниот пазар. На почетокот се потрудивме да ја игнорираме политиката и да водиме бизнис меѓутоа овие услови не дозволуваат фирмите да опстанат“, коментираат бизнисмените.

Ниту Законот за финансиска дисциплина кој што пред две години почна да се применува со цел да ги скрати роковите на плаќања не ги испорачува очекуваните ефекти бидејќи наместо во најкратките предвидени рокови од 60 дена, компаниите ја користат одредбата што дозволува да се плаќа најдоцна во рок од 120 дена, така што просечниот рок на наплата на побарувањата во земјава произлегува дека е и законски.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×