Се развиори македонското знаме во НАТО
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Со свеченото кревање на знамето на Република Северна Македонија пред седиштето на НАТО во Брисел, земјава стана 30 членка на алијансата. 
Mak Nato
На свечената церемонија во седиштето на НАТО во Брисел, во 15:00 часот по средноевропско време,  присуствуваа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претседавачот на Воениот комитет на Алијансата маршал Стјуарт Пич, и в.д. шефот на Постојаната мисија на Република Северна Македонија при НАТО, Зоран Тодоров.
Македонското знаме истовремено  е подигнато и пред Сојузничката команда за операции во Монс, Белгија и во Сојузничката команда во Норфолк, Вирџинија, САД.
Свечената церемонија на подигањето на македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел, преку видео врска во Скопје  ја следеше и  претседателот на Владата  Оливер Спасовски со министрите.
„Денеска го остваруваме најголемиот успех на нашата земја од независноста до денес. Бидете горди почитувани мои сограѓани. Знамето на Република Северна Македонија  во Брисел е симбол на сигурна и безбедна иднина за нашата земја. Ние сега водиме една друга битка, со короната, но да дозволиме малку и да се израдуваме. Да се запише дека денеска е ден за паметење, ден за историја.“, изјави Спасовски по завршувањето на церемонијата на кревањето на македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел.
Инаку, формалната постапка за членството во НАТО официјално се затвори на 27 март по депонирањето на инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор во Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави во Вашингтон, откако претходно сојузниците во НАТО го потпишаа Протоколот за пристапување во Северна Македонија во февруари 2019 година, по што сите 29 национални парламенти гласаа за ратификување на членството на нашата земја во алијансата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×