Се развива нов бизнис. Kредити од финансиски друштва, наместо од банка    
Објавено на од во Банки и бизнис

 

Се развива нов бизнис во Македонија-се отвораат финансиски друштва за кредитирање на фирмите со релативно високи каматни стапки.„Капитал“ дознава дека постои голем интерес кај домашни бизнисмени да отворат финансиски друштва и да се вклучат во бизнисот со кредитирање и факторинг. Станува збор за лица кои веќе располагаат со сопствен капитал. Овој бизнис станува атрактивен затоа што нуди кредити со многу повисоки каматни стапки од редовните и затоа што банките се откажаа од кредитирање на бизнисот и се свртеа кон државата.
Овие финансиски друштва работат како банки, но не се банки. Почнаа да се формираат откако се донесе Законот за финансиски друштва во 2010 година, но најмногу се отвораат последнава година.

Во моментот во земјава постојат седум финансиски друштва, кои имаат дозвола од Министерството за финансии да ги кредитираат фирмите.
Кредитите од финансиските друштва, наменети за тековна ликвидност и за краткорочни инвестиции, имаат каматна стапка од над 10%. За да основа трговско друштво едно лице треба да располага со минимум шест милиони денари.

Според Регистарот на финансиски друштва, Динерс клуб има најголема основна главнина од 68,7 милиони денари, а второ е Пеон од Струмица со основна главнина од 52 милиони денари. Првоосновано финансиско друштво е Фактор труст, кое има основна главнина од 9,7 милиони евра. Финансиските друштва, според законот, имаат право да создаваат кредитно портфолио на износ од најмногу десет пати над износот на основната главнина и резервите.

„Во минатата недела е издадена уште една дозвола за давање финансиски услуги. Во моментов има седум финансиски друштва, кои имаат дозвола за давање финансиски активности, како одобрување кредити и издавање и администрирање на кредитните картички, факторинг и издавање гаранции“, информираат од Министерството за финансии.

 

Подем во последните две години

 

Финансиското друштво, покрај овие активности, може да врши и советување за финансиски активности, да изнајмува подвижен и недвижен имот и да врши оперативен лизинг. Дозвола за неговата работа издава министерот за финансии. Министерството за финансии треба да биде известено за секоја промена во работењето на друштвото и редовно да добива финансиски извештаи, како и да знае од каде поттекнуваат средствата со кои располага друштвото. Ревизорот што врши ревизија на друштвото мора да го извести Министерството за финансии доколку финансиското друштво го прекршило законот или му е влошена финансиската состојба. Министерството може да изврши и вонредна контрола во друштвото, во која може да ангажира и надворешни експерти. Ова е направено со цел да се врши контрола над работењето на финансиските друштва бидејќи тие не се под надзор на Народната банка на Македонија.

Дали финансиските друштва многу брзо ќе си обезбедат клиенти, односно дали фирмите во Македонија ќе бараат кредити од нив откако банките го сведоа на минимум кредитирањето на бизнисот? Потреба сигурно имаат, само пречка може да им биде обезбедувањето хипотека и повисоката каматна стапка. Финансиските друштва нудат камата од над 10%, а во банките просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за бизнисот се движи од 6,8% до 7,3%. Уште еден факт е дека финансиските друштва не можат да обезбедат голема финансиска поддршка за бизнисот затоа што се уште располагаат со многу мали финансиски средства. Тие располагаат со основна главнина од околу 2,5 милиони евра, што значи може да обезбедат портфолио за кредитирање од околу 25 милиони евра. За поголемо кредитирање треба да обезбедат дополнителни средства.

А, во банките во моментот има вишок пари од дури 1,7 милијарди евра, а за кредити на фирмите оваа година (до септември) одобрија само 68 милиони евра!

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×