Се спојуваат „Делез“ и „Ахолд“. Се формира еден од најголемите ланци на супермаркети во светот
Објавено на од во Компании
Белгиската „Делез“ и холандски „Ахолд“ го договорија спојувањето на двете компании, со кој ќе се создаде ланец на маркети со повеќе од 6.500 продавници ширум светот

Спојувањето на двете компании во нов правен субјект со вкупна вредност од 26 милијарди евра, ќе го создаде еден од најголемите ланци на супермаркети во САД, пишува „Wall Street Journal“.

„Ова е вистинско спојување на еднаквите. Со комбинирање на двата комплементарни бизниси ќе се создаде водечка компанија во светот за малопродажба на храна“, изјавија претседателите на компаниите, Јан Хомен и Матс Јансон.

Иако двете компании имаат седиште во Европа, околу 60% од својата продажба ја остваруваат на америчкиот пазар. „Делез“ има супермаркети во Белгија, Луксембург, Романија, Грција и Србија, додека во САД ја поседуваат продавницата „Hanaford“ и „Full Lion“. Од друга страна, „Ахолд“ во САД го поседува ланецот на маркети „Stop&Shop“ и „Giant“.

Инаку, акционерите на „Ахолд“ во новиот правен субјект ќе имаат удел од околу 61% , додека остатокот ќе припадне на „Делез“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×