Се спрема ли и ЕУ за Брегзит без договор?
Објавено на од во Економија
Недостаток на лекови, откажување на летови и бесконечни опашки на границите, се дел од ризиците кои поставуваат сериозна бариера за трговијата.
lo (3)Британскиот премиер Борис Џонсон им нареди на министрите и службените лица во новата влада да ја „вклучат турбо“ подготовката за „Brexit“ без договор што ги вознемирува деловните активности и валутните пазари и ги остава водачите на ЕУ да претпоставуваат дали станува збор за блефирање.
Опомената на новиот премиер да ја напушти ЕУ, со или без договор, на 31 октомври, ги става двете страни опасно близу до работ на колапс – со поглед на изгледите за недостиг на лекови, откажување на летови и бесконечни опашки на границите.
За да се истакне промената во тонот на Велика Британија, министерот за финансии Саид Хавид оваа недела најави дополнителни 1 милијарда фунти за финансирање на Брегзит без договор – покрај веќе издвоените 4,2 милијарди. Европската комисија, од своја страна, рече дека нема да направи никакви вонредни планови наменети за „омекнување“ на секое трокирање.
Претставниците на ЕУ сметаат дека доколку Велика Британија се реши наовој чекор во наредните три месеци, хаотичниот излез ќе ја врати на преговарачката маса во Брисел на 1 ноември во обид да обезбеди некаква примечивост на бизнисот.
Големиот обем на лични податоци од граѓаните на ЕУ и Велика Британија секојдневно се префрлаат преку Ла Манж од страна на организации од јавниот и приватниот сектор.
При излез без договор, ќе се доведе во прашање законитоста на овие протоци на податоци, што ќе влијае на деловните активности, вклучувајќи технолошки групи, здравствени компании и сите даватели на услуги кои работат со клиенти од ЕУ.
Прекините во размената на податоците ќе стават сериозна пречка за трговијата, а во најлош случај може да ги присилат британските компании да ги прекинат своите операции во Европа.
Системот од договорни клаузули, предложен од Брисел и им дозволува на компаниите надвор од ЕУ да вршат трансфер на податоци во согласност со европското законодавство, може да послужи како опција за резервна варијанта.
Големи компании со свои засебни правни оддели кои се подготвиле за Брегзит без договор веќе може и да имаат слични алтернативни мерки. Конфедерацијата на британската индустрија предупредува дека малите и средни претпријатија не се толку свесни за тоа што би значел Брегзитотбез договор, ниту, пак, за достапните можности.
На подолг рок, Велика Британија наведува дека сака да потпише со ЕУ договор за проток на податоци што практично би го третирале како сè уште да се земја-членка. Во моментов, постојат неколку такви „аранжмани за адекватност“ помеѓу ЕК и третите страни, но Брисел предупредува дека нивното склучување „може да трае со години“. Без договор, профитабилниот финансиски сектор на Велика Британија ќе ги изгуби своите „пасошки права“, кои им дозволуваат на британските компании да работат на единствениот пазар на ЕУ.
Поради изгледите за масовни падови на пазарот при тврд „Брегзит“, финансиските услуги се една од ретките области каде регулаторните органи како што се ЕЦБ и централната банка на Обединетото Кралство соработуваат во врска со ризиците.
Главниот товар на подготовките е сè уште врз бизнисот, но и од Брисел се преземени некои важни чекори. Таквите вклучуваат привремен пристап до клиринговите компании кои работат во Обединетото Кралство, што ќе истече во март 2020 година и рок на достасување од 18 месеци за трансакции во централните депозитни хартии од вредност, како и шестмесечен прозорец, со кој се дозволува договорни промени при вонберзовите деривати.
Групите за финансиски услуги, исто така, се соочуваат со логистички проблеми дури и на датумот на излез.
31 октомври, кој паѓа во четврток, покажува дека британските компании треба да ги префрлаат системи за регистрирање на трансакциско работење во во средината на неделата – иако 1 ноември е официјален празник во многу земји на ЕУ.
На долг рок, со или без договор за развод, Лондон ќе се обиде да добие ограничен пристап до пазарот на ЕУ според системот, познат како „еквивалентност“. Овие права им се предаваат на компаниите надвор од ЕУ доколку Европската комисија смета дека финансиските регулативи на соодветната земја се строги како и оние во Брисел.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×