Се спушта ли нова „железна завеса“? Украина гради ограда од 2.000 километри долж границата со Русија!
Објавено на од во Политика

Две илјади километри долга ограда гради Украина долж границата со Русија која според првите проценки ќе чини околу 100 милиони евра.  Премиерот на Украина, Арсениј Јаценјук, во неодамнешното интервју за германскиот весник „Шпигел“, објаснува дека изградбата на оваа ограда, не само што е од интерес на Украина, туку е во интерес и на Европа.

„Од интерес и за Европа е границата меѓу Украина и Русија да е добро заштитена и илегалните имигранти, оружјето и дрогата повеќе да не се пренесуваат преку оваа граница во Европа“, вели Јаценјук за „Шпигел“.

На констатацијата на Шпигел дека тоа ќе создаде железна завеса меѓу двата братски народи, Јаценјук вели:

„Јас сум многу претпазлив во однос на овој “братски“ концепт. Искрено, не ни требаат роднини кои ќе грабаат од нашата земја и ќе го убиваат нашиот народ“, вели тој.

Според Јаценјук проектот треба да биде завршен за четири ипол години и ќе создаде работни места во време на економска рецесија. Последните бројки од средината на октомври покажуваат дека 1.145 луѓе биле ангажирани на изградбата.

Презентација на терен за текот на градежните работи

Презентација на терен за текот на градежните работи

Според информациите објавени во украинските медиуми, а кои се повикуваат на информации од украинската Државна гранична служба, во моментов градежни работи се изведуваат во источните области на Украина и по должината на границата со Крим.

“До денес се подготвени 135,54 километри на антитенковски ровови и 86,42 километри на вештачки бариери”, објави Виктор Назаренко, шеф на Украинската гранична служба, на прес конференција на 27 ноември 2014 години.

Одбранбените структури кои ќе бидат дел од жичаната ограда вклучуваат канали, ровови, бариери за возила и кули за оптички надзор за откривање на движење на трупи и возила од руска страна.

 

„Мистериозен проект“

Многу од политичките ривали на Јаценјук веруваат дека ваквиот ѕид за Украина има чиста симболична вредност. Јулија Тимошенко, лидер на Татковинската партија, вели дека ваков „мистериозен проект“ се појавува кога владата не успеа да дејствува ефективно и дека нема добри историски успешни примери за ваков тип на заштита на земјата.

Но Викториа Сиумар, поранешен член на Советот за национална безбедност и одбрана, вели дека проектот има огромен потенцијал.

„Се додека границата на Украина не е заштитена, Украина е незаштитена и земјата нема да може да биде член на ЕУ“, вели таа за Киев Пост.

Премиерот на Украина во инспекција на железната ограда

Премиерот на Украина во инспекција на железната ограда

 

Русија нема да ја признае унилатерална демаркација на границата

Русија нема да ја признае одлуката на Киев за унилатерална демаркација на границата, што ќе води кон нови гранични недоразбирања, рече Алексеј Пушков, претседател на Комитетот за надворешни работи во руската Дума во јуни, и оцени дека унилатералната демаркација е спротивна на сите норми на меѓународното право.

Според шефот на руската претседателска администрација, Сергеј Иванов, во интервју направени на 21 септември 2014, планот да се изгради ограда на Руско-украинската граница ќе го направи невозможно рестартирање на нормалните односи помеѓу Москва и Киев.

„Изградбата на ѕидот, според мене, ќе направи неможно да се обноват било какви релации… сигурен сум дека на крајот нема да постои ѕид. Реториката е едно, животот е друго“, вели тој.

Првата идеја за “Оградата”

Првата идеја за изградба на оградата во јуни ја објави и поднесе проект до администрацијата на Претседател на Украина, украинскиот милијардер Ихор Коломоиски, кој е ко-сопственик на Приват банк и гувернер на областа Днипропетровск.

Според Коломоиски за 1.920 километри долгата ограда би требало да бидат потрошени 50 милиони евра, а вкупните трошоци не би надминале 100 милиони евра. Тогаш тој предложи сите работи да бидат извршени од Украинци, а голем дел од градежните трошоци би можеле да бидат финансирани од добротворната фондација “Днипро-1”.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×