Се стеснува кругот околу претседателката на Аргентина – во станот на обвинителот кој беше пронајден мртов, најден налог за нејзино апсење
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

При претресот на станот на аргентинскиот специјален обвинител, Алберто Нисман, кој беше пронајден мртов минатиот месец во неразјаснети околности, истражителите на случајот нашле налог за апсење на претседателката на Аргентина, Кристина Фернандес де Киршнер. Нисман го составил налогот поради основано сомнение дека де Киршнер ја опструирала истрагата за нападот од 1994 година, во Буенос Аирес, врз аргентинско-израелската непрофитна организација АМИА, во кој загинаа 85, а беа повредени 300 лица.

Документот е најден меѓу отпадоците во станот на покојниот обвинител, кој на 18 јануари беше пронајден во локва крв, со куршум во главата, и оружје покрај телото. Нисман безмалку цела деценија пред својата смрт работел градејќи случај за тоа дека Иран стои зад нападите на израелската организација, и оти претседателката на Аргентина ја попречува истрагата откако со Техеран се испазарила за иранската нафта.

Пред неговата смрт, специјалниот обвинител требаше да одговара на прашања во Конгресот на Аргентина за наводите дека де Киршнер се обидувала да ја прикрие вмешаноста на Иран во нападот на АМИА за возврат добивајќи нафта.

„Претседателката и нејзиниот шеф на дипломатијата донеле кривична одлука да фабрикуваат невиност на Иран за да ги задоволат комерцијалните, политичките и геополитичките интереси на Аргентина“, конкретно изјави Нисман.

Една седмица пред да биде пронајден мртов, обвинителот побара да се отвори истрага против де Киршнер поради попречување на работата на правосудните тела.

Претседателката и Иран синхронизирано ги негираа сите обвинувања. Првата дури и ги нарече апсурдни.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×