Се уште се прави анализата за промена на прагот за ДДВ
Објавено на од во Економија
Во Министерството за финансии се уште се прават анализите за ефектите од прогресивниот данок, како и за промена на прагот за ДДВ.
Ministerstvo-za-finansii-3-Custom-1024x618„Точно е дека се прават анализи. Анализите не се уште комплетно завршени. Се прават анализи и за прагот за ДДВ и при тие анализи не се зема предвид само фискалниот ефект, туку се зема предвид и администрацијата потребна за вложување, регистрирање и контролирање на тие мали компании. Во моментов ги правиме анализите, ја испитуваме и страната на фискалната импликација и страната на административниот товар на УЈП конкретно за да можеме да донесеме ново сеопфатно издржано решение“, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска, одговорајќи на новинарски прашања пред конференцијата за е трговија.
Потенцира дека анализите се прават детални и дека јавноста ќе биде информирана што покажале и во однос на ефектите од прогресивниот данок и за сите други тековни анализи што се прават во моментов.
„Навистина е амбициозна агендата. Во тек се во изработка многу анализи. За сите ќе ве информираме благовремено, ќе ве повикаме и на презентација и да ви ги соопштиме резултатите и понатаму секако одлуките што ќе произлезат“, истакна Ангеловска.
Зголемување на прагот од еден милион денари за плаќање ДДВ најави премиерот Зоран Заев на почетокот на месецов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×