Се воспоставува европска мрежа на станици за полнење електрични возила
Објавено на од во hi-tech & business

Некои од најголемите европски производители на автомобили сакаат да го подобрат користењето на електрични возила и да ја поттикнат нивната продажба со воспоставување мрежа на станици за брзо полнење на батериите на автомобилите на патиштата, со идеја возачите да го поврзат автомобилот со полнач, да полнат неколку минути наместо часови, и да го продолжат патот.

Целта е таквата мрежа да се воспостави од Норвешка до југот на Италија, и од Португалија до Полска.

За производителите на автомобили, меѓу нив и Volkswagen, BMW, Daimler и Ford, има многу ризици. Нивното заедничко вложување, компанијата Ionity, сака да воспостави мрежа на време, за да ѝ биде на располагање на генерацијата на електрични автомобили што на пазарот доаѓа следната година. Исто така, сакаат да го повратат делот од пазарот на луксузни електрични возила од Tesla, која веќе има сопствена мрежа на полначи.

Основната идеја е електричното возило да се одвои од стереотипот според кој полека се полни преку ноќ, во гаража, и се користи за кратки возења.

Ionity првата станица за полнење ја отвори на 17 април на автопат во Германија. Овој и уште пет брзи полначи до 31 мај ќе бидат бесплатни, а електричната енергија подоцна ќе се наплаќа. Планот на компанијата е струјата да се добива од обновливи извори.

Компанијата има договори за околу 300 локации, а просечното растојание меѓу нив ќе биде 120 километри.

Tesla покажа дека инфраструктурата за полнење батерии придонесува за продажбата на возила. Компанијата на Илон Маск само во Европа има 1.229 станици со 9.623 брзи полначи. Меѓутоа, полначот наTesla е уникатен, додека Ionity користи стандардизиран европски полнач.

Ionity планира 350 киловати сила за своите полначи, што е трипати повеќе од оние на Tesla. Моментално ниту едно возило не може да искористи толкава сила, но Porsche за догодина планира спортски модел што со 15-минутно полнење ќе може да вози 400 километри.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×