Се засилува меѓународниот притисок врз Македонија
Објавено на од во ВО ФОКУС

133638708

Додека одредени медиуми што во јавноста се сметаат за блиски на ВМРО-ДПМНЕ по посетата на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, побрзаа да заклучат дека „омекнуваат пораките од Брисел“, рафалот од меѓународни пораки што уследи потоа покажа колку поинаку треба да се толкува она што Туск го кажа во Скопје

 

Не мораше аналитичарите да ни кажат дека акцентот во изјавата на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, дадена по средбата до претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, е на пораката дека „само кога ќе најдеме решение за политичката криза засновано на демократските начела, на чувството за пристојност и на здравиот разум, можеме да сметаме на поддршка од Европската унија“.

Значи, додека не најдеме решение според наведените критериуми, веќе ја немаме поддршката од ЕУ, а очекувањата на аналитичарите се дека ако и после ова не покажат соодветен сензибилитет повиканите во пораката, ќе следат санкции.

Хронолошки, прв по Туск со порака за деблокирање на демократските процеси, односно за избор на нова влада, во името на САД излезе амбасадорот Џес Бејли.

„Беше декларирано собраниско мнозинство и мислиме дека не е во согласност со демократските принципи и со Уставот да не се дозволи да продолжи процесот на формирање на владата“, изјави Бејли.

Амбасадорот во името на САД уште еднаш го повика и претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, „да го придвижи процесот“, исто како и Собранието, кое, како што рече Бејли, „важно е да дозволи процесот да се придвижи напред, а јасно е дека тука прв чекор треба да биде избор на спикер на Собранието од новиот состав“.

По пораката на Бејли дојде писмото од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во кое тој му одговара на Иванов (претседателот пред еден месец испрати писмо во врска со случувањата во Македонија до генсекот на НАТО, до Туск, до Трамп и до Ердоган).

„Од Вас, претседателе, и од останатите политички лидери очекувам да го почитувате Уставот и демократските норми. Ги повикувам и партиите да се воздржат од реторика која сугерира поделби и разгорува етнички тензии“, му напишал Столтенберг на Иванов.

Во писмото, генералниот секретар на НАТО, во услови на засилена реторика во земјава против меѓународните претставници, му го објаснува на Иванов и очигледното, дека реагира во однос на држава која сака да влезе во НАТО, и оти, секако, „Алијансата има интерес да ги почитува политичките вредности и принципи на кои почива истата“.

p-1„Изборите од 11 декември биле есенцијален чекор кон решавање на кризата. НАТО не се инволвира во внатрешните процеси во Македонија, ниту зазема страна. Но, имаме интерес да ги почитуваме политичките вредности и принципи на кои почива Алијансата. Политичките лидери во Скопје се одговорни да го почитуваат исходот од демократските процеси и во краток рок да придонесат кон формирање на функционална и ефективна влада која ќе продолжи со итните реформи“, пишува Столтенберг.

Истиот ден кога беше објавено ова писмо, стигна пораката и од тројцата членови на Европскиот парламент, Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, испратена пред расправата за извештаите на напредокот на Македонија.

Тројцата европратеници, не оставаат никаков простор за оправдување на ова што се случува во македонското Собрание, за колку што може подолго да се оневозможи изборот на претседател на Парламентот, односно на новата влада.

„Не гледаме никаков изговор за тактиките на одложување што се користат во македонското Собрание, со што се попречува изборот на нов претседател на Парламентот и формирањето влада“, се вели во заедничката изјава на Кукан, Флекенштајн и Вајгл.

„Како европратеници, ги поддржуваме сите напори за да се надмине актуелната криза. Направивме големи напори за поддршка на европската перспектива на македонскиот народ и со длабока загриженост го следиме продолжувањето на кризата со зголемени последици за земјата, вклучувајќи го и влошувањето на меѓуетничките односи“, порачаа тројцата европратеници по средбата со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски.

Сепак, на крајот, тие изјавија дека „цврсто веруваат дека ситуацијата во земјата ќе се подобри со обезбедување на демократски однесувања, и како резултат на тоа, ставање крај на политичката криза“.

 

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×