Се зголемува градежната активност. 19,7% повеќе одобренија за градби во септември.
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

 gradeznistvoВо септември 2015 се издадени 316 одобренија за  градење, што е за 19.7% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Ова го покажуваат најновите податоци на државниот Завод за Статистика во кој стои уште дека и предвидената вредност на објектите кои треба да почнат да се градат во истиот месец е поголема за 6,2% во однос на лани.

Повторно во статистика доминираат објектите од високоградба кои добиле 186 градежни дозвили или 58.9%.  50 одобрени за градба се наменети за нискоградба или 15,8%, а 25,3% за објекти за реконструкција. Од вкупно 316 објекти, кај 189 (59.8%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 127 (40.2%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Не се намалува ниту бројката на станови кои треба да се изградат. И таа сега изнесува 376 станови, со вкупна корисна површина од 35 189 м2.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×