Секој четврти тендер лани бил поништен
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Дури 23% од тендерите минатата година биле целосно или делумно поништени, покажува најновиот Извештај од мониторингот на јавните набавки што го прави Центарот за граѓански комуниации. Според извештајот, почесто биле поништувани поголемите, отколку помалите тендери.

Во Извештајот е евидентирано дека речиси секој трет тендер е со еден понудувач, а ова е последица, пред сè, на малата конкуренција во првото полугодие од 2016 година.

Понатаму, ЦГК забележува дека бирократизацијата на постапките за јавни набавки со барањата согласност од Советот за јавни набавки не губи значително од интензитетот. Во 2016 година договорните органи до Советот за јавни набавки вкупно доставиле 16.067 барања за согласност, што ги чинело вкупно 1,8 милиони евра.

Иако била планирана во сите тендери, е-аукцијата е одржана само во 55% од мониторираните постапки.

Во 2016 година биле склучени 605 договори за јавна набавка без објавување оглас, во вкупна вредност од 34,8 милиони евра. Вредноста на овие договори е за 20% повисока од 2015 година. Најголемиот договор преку оваа нетранспарентна постапка го има склучено АД Електрани на Македонија за ископ на јаглен и јаловина за ПЕ Рудници, РЕК Битола, во вредност од околу 5,8 милиони евра.

Во однос на жалбите до Државната комисија за жалби по јавни набавки, лани биле доставени само 557 жалби од фирмите. Бројот на жалби упатува на исклучително мал процент на обжалени постапки за јавните набавки од страна на фирмите од 3%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×