Kолку данок треба да се плати од продажба на сопствени земјоделски производи?
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

УЈП објави публикација за оданочувањето на доходот од продажба на сопствени земјоделски производи, чија цел е да ги информира граѓаните кои немаат регистрирано фирма а сакаат да ги продаваат сопствените земјоделски производи.

Зелени пазари

„Оваа брошура треба да ве информира за основните правила при пријавување, утврдување и плаќање на данокот на доход кој како физичко лице – граѓанин го остварувате од продажба на сопствени земјоделски производи. Остварениот доход од продажба на сопствени земјоделски производи подлежи на оданочување со данок на личен доход. Преку брошурата ќе дознаете повеќе за тоа: што се подразбира под доход од продажба на сопствени земјоделски производи; кој е обврзник на данокот на доход; како да го пријавите доходот од продажба на сопствени земјоделски производи; како УЈП ја утврдува даночната основа за пресметка на данокот за доходот од продажба на сопствени земјоделски производи; кога треба да го платите данокот; кои други обврски ги имате како даночен обврзник“, се чита во брошурата.

Во продолжение следат некои од поважните објави:

- Под доход од продажба на земјоделски производи се подразбираат доходот остварен од производство, доработка, преработка и пласман на сопствени земјоделски производи.

- Обврзник на данок на доход е физичко лице кое не е регистрирано како самостоен вршител на дејност или трговец поединец, а остварува доход од продажба на сопствени земјоделски производи на:

• исплатувачи кои водат деловни книги (види страница 8 – 9);

• физички лица надвор од продажни места на зелени пазари (види страница 5 – 7);

• продажни места на зелени пазари (види страница 10).

- Аконтација на данокот на доход од продажба на сопствени земјоделски производи се пресметува на соодветно утврдена даночна основа со примена на следните стапки:

На месечна даночна основа По стапка
До 90.000 денари 10%
Од 90.001 денар нагоре 9.000 денари + 18% на износот над 90.000 денари

 

На годишна даночна основа По стапка
До 1.080.000 денари 10%
Од 1.080.001 денар нагоре 108.000 денари +18% на износот над 1.080.000 денари

 

- Основа за пресметување на данокот за доходот кое физичко лице го остварува од продажба на сопствени земјоделски производи претставува разликата помеѓу остварениот вкупен доход и признатите нормирани трошоци во висина од 80%.

- Oбврзник чиј вкупен доход во годината го надминува износот од 1.000.000 денари, должен е најдоцна до 15–ти јануари наредната година да се регистрира за вршење на дејност согласно закон(да регистрира фирма и да плаќа ДДВ).

Пример: Физичко лице продава земјоделски производи на физички лица надвор од продажни места на зелени пазари, во месец Февруари 2019 година и остварил вкупен доход во износ од 50.000 денари. Пресметка на аконтација на данок:

50.000 – 80% (нормирани трошоци) = 10.000 денари (основа за оданочување)

10.000 денари х 10% = 1.000 денари (данок на доход)

Во овој случај, физичкото лице по основ на остварен доход од продажба на сопствени земјоделски производи на други физички лица треба да плати данок на доход во износ од 1.000 денари. Рок за доставување на пресметката e до 10- ти март за доходот остварен во месец Февруари.

Останатите метрики од публикацијата можете да ги погледнете на нивната официјална веб страна, www.ujp.gov.mk

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×