Секој граѓанин во просек има по 3.250 евра во депозити, акции, полиси за животно осигурување…
Објавено на од во АНАЛИЗА

new-fico-score-systemКолку “тежат“ македонските домаќинства

Финансиската актива на македонското население на крајот од 2016 година изнесувала 6,5 милијарди евра. Повеќе од една половина од тоа, 56%, се  депозити на граѓаните во банките и штедилниците, а втори по ред се полисите за животно осигурување, коишто на крајот од минатата година вределе 1,25 милијарди евра. Ова не треба да се меша со тоа колку вредат уплатите на премии за животно осигурување во осигурителните компании, коишто изнесувале околу 20 милиони евра. Следи вредноста на средствата што граѓаните ги имаат во пензиските фондови, а таа е безмалку 800 милиони евра, пред вредноста на акциите од 518 милиони евра. Готови пари во оптек минатата година од страна на физичките лица имало во износ од 320 милиони евра. 

 

23tМакедонските домаќинства на крајот од минатата година располагале со финансиска актива вредна 6,5 милијарди евра, покажува Извештајот за финансиска стабилност што го изработува Народната банка на Р. Македонија – НБРМ. Толку е вкупната вредност на с$ што македонските граѓани поседувале од финансиски карактер или  кога ќе се соберат на купче тоа се парите што ги чуваат во банка, акциите, средствата во приватните пензиски фондови, полисите за животно осигурување, готовите пари во оптек, средствата во отворените инвестициски фондови и државните хартии од вредност. Ако се земе предвид бројката од два милиони жители според последниот официјален попис, тоа се околу 3.250 евра по глава на жител  финансиски имот во земјава. Се разбира, во оваа сума не влегуваат парите што македонските домаќинства ги чуваат “под перница“.

Од овие 6,5 милијарди евра, повеќе од половина, или 56% се депозити на домаќинствата во банките и штедилниците. На второ место според вредноста, верувале или не, се полисите за животно осигурување, коишто на крајот од 2016-та “тежеле“ 1,25 милијарди евра. Ова не треба да се меша со износот на брутополисираната премија во компаниите за животно осигурување, која што на крајот од минатата година, според податоците на Агенцијата за супервизија на осигурувањето – АСО, изнесувала околу 20 милиони евра. Затоа, кога ќе се каже дека пазарот за животно осигурување стигнал до вредност од 20 милиони евра, се мисли токму на вредноста на премиите што граѓаните ги уплаќаат за своите полиси. Вложувањата на домаќинствата во полиси за животно осигурување се најбрзорастечката компонента на финансиската актива, чијашто апсолутна промена е повисока од промената на депозитите на домаќинствата, забележуваат аналитичарите на НБРМ. На трето место според вредноста во вкупната финансиска актива се средствата што граѓаните ги имаат во пензиските фондови, а тоа се безмалку 800 милиони евра, пред вредноста на акциите од 518 милиони евра. Готови пари во оптек минатата година од страна на физичките лица имало во износ од 320 милиони евра.

23t-1Најголем раст кај полисите за животно осигурување и уделите во приватните пензиски фондови

Инаку, во целост, финансиската актива на секторот „домаќинства“во 2016 година растела  забавено, со стапка на раст која е пониска и од кризните 2008 – 2009 година.

“Во услови на солидни остварувања на домашната економија, наспроти неизвесноста предизвикана од внатрешнополитичката ситуација и шпекулативните притисоци, учеството на финансиската актива во БДП се намали за првпат во поскризниот период и се сведе на 66,0%. Најголем дел од растот на финансиската актива беше определен од вложувањата на домаќинствата во полиси за животно осигурување (41,0%) и од средствата во приватните пензиски фондови (37,3%). Придонесот на депозитите на домаќинствата се намалува веќе втора година, главно поради дестабилизација на нивните очекувања на поради внатрешно политичките превирања и ниските каматни стапки, но и поради зголеменото значење на останатите компоненти на финансиската актива. Вложувањата на домаќинствата во полиси за животно осигурување се најбрзорастечката компонента на финансиската актива, чијашто апсолутна промена е повисока од промената на депозитите на домаќинствата. Сепак растот и кај полисите е помал од претходната година. Вложувањата во акции се намалија, што соодветствува со слабата активност на пазарот на капитал во земјата и покрај позитивните движења регистрирани во 2016 година и зголемените инвестициски алтернативи за домаќинствата со отпочнувањето на работата на платформата СЕЕ линк.“, се вели во извештајот на НБРМ.

24 tНиските камати ги “бркаат“ граѓаните во други начини на штедење

Стапката на принос на финансиската актива на домаќинствата се зголеми за 1,5 процентни поеникако резултат на капиталните добивки остварени од вложувањето во акции, а во помал дел, и од приносот од вложените средства во задолжителните и доброволните пензиски фондови. И покрај намалувањето на каматните стапки, денарските и девизните депозити и понатаму имаат значајна улога во дефинирањето на приносот на вкупната финансиската актива на крајот на годината. Сепак, во услови на намалени каматни стапки на депозитите, дел од домаќинствата ги пренасочуваат своите средства кон други начини на штедење, како вложувања во доброволни пензиски фондови, полиси за животно осигурување или удели во отворени инвестициски фондови. Анализирано по одделни инструменти, највисока годишна стапка на принос остварија вложувањата во акции, средствата во задолжителните и доброволните пензиски фондови и уделите во отворените инвестициски фондови.

Македонските домаќинства штеделе со помала стапка лани, одошто во 2015, покажува деталниот извештај на НБРМ. Делот од расположливиот доход на населението  што останува за штедење, по намирувањето на личната потрошувачка, ја претставува т.н. стапка на штедењена домаќинствата. Стапката на штедење во 2016 изнесува 0,8%, и иако опаѓа, трета последователна година има позитивна вредност, што укажува на тоа дека расположливиот доход е доволен да ја покрие во целост потрошувачката на домаќинствата.
“Динамиката на расположливиот доход го определува капацитетот на штедење на домаќинствата, така што намалувањето на стапката на штедење во 2016 година се темели врз побрзиот раст на личната потрошувачка од растот на расположливиот доход. Соодветно, на крајот на 2016 година, забави растот на депозитите на домаќинствата во банките (изнесува 2,6%, наспроти 4,3% во 2015 година).“,велат аналитичарите на НБРМ.

Забавувањето на растот на депозитите на домаќинствата продолжува и во 2017 година, поточно, во првите шест месеци износот на овие депозити кај банките е за 1,12% повисок, според податоците на НБРМ.

26tПоголема потрошувачка на домаќинствата заради  поголемата маса на плати и пензии                                                                                                                                                                    

Во 2016 година, расположливиот доход на домаќинствата го продолжил забавениот  тренд од 2015-та  и оствари раст од 1,3% или 4, 97 милијарди  денари(четирикратно пониска стапка на раст од минатогодишната). Растот на приливите генерално се поврзува со поволните движења на пазарот на труд, пред  сè растот на вработеноста и растот на просечната номинална плата за 2,0%. Растот на вкупните приливи забавува поради намалувањето кај доходот на индивидуалните производители и приватните трансфери. Стапката на раст на вкупните приливи е значително пониска во однос на растот на одливите, кој главно произлегува од поголемите придонеси од плати заради зголемениот број вработени лица и од растот на персоналниот данок на доход како резултат на повисоките приходи на домаќинствата. Давачките кон државата зафаќаат најголем дел од вкупните одливи на расположливиот доход.

Во 2016 година потрошувачката на домаќинствата оствари солиден годишен раст од 3,8% и имаше најголем придонес од сите компоненти на домашната потрошувачка во вкупниот раст на БДП. Растот на личната потрошувачка се поврзува со поволните поместувања кај фундаменталните фактори на потрошувачката. Имено, во 2016 година е забележан натамошен раст на масата на плати и масата на пензии, но и на увозот на стоки за широка потрошувачка и трговијата на мало, а солиден раст бележат и потрошувачките кредити. Воедно, пониските потрошувачки цени позитивно се одразуваат врз потрошувачкиот оптимизам на домаќинствата. На засилување на личната потрошувачка упатува и зголемениот потрошувачки оптимизам при поволни очекувања во поглед на невработеноста и финансиската ситуација.


Како НБРМ го мери расположливиот доход на домаќинствата

Поради недостаток на податок за расположливиот доход во официјалната статистика, од 2007 година Народната банка го изработува расположливиот доход на домаќинствата во Македонија, којшто се ажурира на годишна основа. За дел од компонентите на расположливиот доход за кои не постои официјален податок се врши процена, така што вака утврдениот расположлив доход можеби не е сеопфатен и во неговата структура може да отсуствуваат други компоненти. Расположливиот доход претставува разлика на приливите (средства на вработени, доход на индивидуалните производители, социјални трансфери (пензии, социјална помош, помош за невработени, боледувања), приватни трансфери, каматни исплати од банки, приходи од дивиденди, приходи од авторски права, приходи од имот и имотни права, капитална добивка, приходи од добивки од игри на среќа и други награди, приходи од старо девизно штедење и денационализација, каматни исплати од државни записи и надоместоци на вработени во странство) и одливите (каматни исплати, придонеси од плати за пензиски фонд, здравствен фонд и фонд за вработување, одливи врз основа на приватни трансфери и персонален данок на доход) на домаќинствата. Сите компоненти на расположливиот доход се номинални.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×