Секој има право да пријави сомневање за корупција, се пропишува во новиот Закон за спречување на корупцијата
Објавено на од во Економија

Собранието на РМ го донесе новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по скратена постапка.

korupcija

Со овој закон се уредуваат мерките и активностите за спречување на корупцијата во вршењето на власта, јавните овластувања, службената должност и политиката, мерките и активностите за спречување на судирот на интереси, мерките и активностите за спречување на корупцијата при вршењето работи од јавен интерес на правните лица сврзани со остварувањето на јавните овластувања.

Дефиниција на корупцијата и судирот на интереси

„Под корупција, во смисла на овој закон, се подразбира злоупотреба на функцијата, јавното овластување, службената должност или положба за остварување на корист, директно или преку посредник, за себе или за друг.

Поимот корупција, во смисла на овој закон, ги опфаќа и поимите на:

– пасивна корупција – намерно делување на службено лице, кое директно или преку посредник, бара или прима корист од било каков вид, за себе или за трето лице, или прифаќа ветување на ваква корист, со цел да делува или да се воздржува од делување во согласност со своите обврски или да ги врши неговите надлежности спротивно на службените обврски и

– активна корупција – намерно делување на било кое лице кое директно или преку посредник, ветува или дава корист од било каков вид на службено лице, за него или за трето лице, со цел да делува или да се воздржува од делување во согласност со неговите обврски или да ги врши неговите надлежности спротивно на службените обврски.

Под судир на интереси се подразбира состојба во која службеното лице има приватен интерес што влијае или може да влијае врз непристрасното вршење на неговите јавни овластувања или службени должности“, се пропишува во новиот Закон.

Начелата во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси

Во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси се уредуваат  начелото на законитост, начелото на интегритет, начелото на еднаквост, начелото на јавност и начелото на заштита и одговорност.

„Секој е должен во вршењето на функцијата, јавните овластувања и службената должност да постапува во согласност со Уставот и со законите. Секој е должен во вршењето на функцијата, јавното овластување и службената должност да постапува совесно, стручно, одговорно, чесно, ефикасно и непристрасно. Секој има право на еднаков пристап кон вршењето на работи од јавен интерес и право на еднакво постапување од страна на носителите на власта и лицата кои вршат јавни овластувања и службени должности и секој има право да пријави сомневање или сознание за корупција и да биде заштитен согласно закон“, се пропишува во начелата на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Вршењето на власта, функцијата, јавните овластувања, службената должност и работите од јавен интерес се јавни и подложни на јавна контрола. Никој, се пропишува во Законот, не може да се повика на примена на закон или друг пропис со кој ќе се ограничи или исклучи јавноста за да се прикрие корупција или судир на интереси.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×