Секој втор во Македонија лани платил нешто преку интернет
Објавено на од во Економија

За првпат бројот на онлајн трансакции во земјава ја достигнал бројката од еден милион кон крајот на 2015-та, и е за 62% повисок во однос на 2014-та.

Македонските граѓани лани потрошиле 18,4 милиони евра за онлајн трансакции, што е за 62% повеќе во однос на 2014 година. Според податоците на Народната банка за платежни картички и уреди на кои тие се користат, бројот на трансакции направени преку компјутер или друг уред во 2015-та за првпат ја надминал бројката од еден милион и е за 33,5% поголем од 2014-та. Во овие трансакции влегуваат онлајн  купувања на производи и услуги, како и плаќања сметки преку интернет. Колку за споредба, во 2010 година на пример, бројот на онлајн трансакции изнесувал околу 107 илјади, а нивната вредност 2,17 милиони евра, што значи дека за пет години овој пазар пораснал речиси десет пати.

Бумот со онлајн трансакции на годишни ниво е забележан во 2014-та, кога нивниот број бил поголем за цели 320% во однос на 2013-та, а нивната вредност за 350%. Меѓутоа, потенцијалот за раст на онлајн плаќањата е се’ уште огромен, велат познавачите на овој пазар. Генерацијата што израснува на социјалните мрежи  и мобилните апликации, ќе биде голем онлајн потрошувач  допрва и  може да се очекуваат повторно  големи стапки на пораст на овој пазар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×