СЕНКАТА НА ONECOIN: Најголемата крипто-измама која немаше врска со блокчеин технологијата! Приказната за Ружа Игнатова и важни совети за крипто-заедницата!

Во светот на криптовалутите, каде што иновациите се случуваат со огромна брзина, лесно е да се заборават лекциите од минатото. Но, постои едно име кое засекогаш мора да остане врежано како синоним за финансиска катастрофа, криминал и тешка манипулација од големи размери: OneCoin.

Во светот на криптовалутите, каде што иновациите се случуваат со огромна брзина, лесно е да се заборават лекциите од минатото. Но, постои едно име кое засекогаш мора да  остане врежано како синоним за финансиска катастрофа, криминал и тешки манипулации со катастрофални последици – OneCoin.

Додека денешните пазари се фокусираат на вистински современи децентрализирани технологии, овде вреди да се потсетиме на оваа таканаречена „криптовалута“ која успеа да измами милиони луѓе, а притоа немаше ниту една единствена линија код на блокчеин.

Големата лага: Демек Блокчеин, но всушност беше обична Excel табела

Да се потсетиме. OneCoin беше лансиран во 2014 година со агресивна маркетинг кампања од Ружа Игнатова („Крипто-кралицата“), бугарска државјанка со докторат од Германија: Благодарејќи на својата харизма, скапи фустани и настапи во преполни арени (како Вембли во Лондон), успеа да ги убеди луѓето да и веруваат „на слепо“. Таа исчезна без трага во октомври 2017 година, откако се качи на лет од Софија за Атина, и денес е на листата на Топ 10 најбарани бегалци на ФБИ. Беше рекламиран како „убиецот на Bitcoin“ – побрз, побезбеден и подостапен за масите. Имаше само еден мал проблем кој креаторите вешто го криеја: OneCoin не беше криптовалута.

За разлика од Bitcoin или Ethereum, кои работат на јавни, децентрализирани блокчеин мрежи каде секоја трансакција е транспарентна и неменлива, OneCoin немаше никаков блокчеин. Целиот нивен „систем“ се потпираше на обична, централизирана SQL база на податоци (просто кажано, налик на малку понапредна Excel табела). Вредноста на монетата не ја одредуваше пазарот преку понуда и побарувачка, туку самите креатори рачно ја менуваа бројката на нивниот веб-сајт за да изгледа дека цената постојано расте.

Што всушност беше OneCoin? Класична Понзи (пирамидална) шема. Школски пример по учебник. Наместо од тргување, профитот на членовите доаѓаше исклучиво од регрутирање на нови „инвеститори“ кои купуваа скапи едукативни пакети. Кога приливот на нови луѓе пресуши, целата кула од карти се урна.

Кои беа мозоците зад операцијата? Две клучни фигури.

Ружа Игнатова („Крипто-кралицата“): Бугарска државјанка со докторат од Германија, која благодарение на својата харизма, скапи фустани и настапи во преполни арени (како Вембли во Лондон), успеа да ги убеди луѓето да и веруваат „на слепо“. Таа исчезна без трага во октомври 2017 година, откако се качи на лет од Софија за Атина, и денес е на листата на Топ 10 најбарани бегалци на ФБИ.

Себастијан Гринвуд: Ко-основачот и главниот дистрибутер на мрежата, кој беше уапсен во 2018 година и подоцна осуден во САД на 20 години затвор за својата улога во измамата.

Продажба на магла: Што всушност купуваа инвеститорите?

OneCoin никогаш не продаваше монети директно. За да ги заобиколат законите за хартии од вредност тие продаваа таканаречени „едукативни пакети„ (OneAcademy) лажно наменети за криптовалути и тргување.

Цената на овие пакети се движеше од скромни 100 евра па сè до астрономски 55.500 евра (за таканаречените „Tycoon“ и „Supreme“ пакети). Самите едукативни материјали беа најобичен плагијат – текстови копирани од бесплатни интернет страници и Википедија.

Но, луѓето не ги купуваа пакетите заради „знаењето“, туку заради тоа што доаѓаше гратис со нив: токени за рударење (tokens).

Механизмот на измамата функционираше вака: Купувате едукативен пакет → Добивате бесплатни токени → Ги праќате токените на „рударење“ во внатрешниот систем на OneCoin → По некое време, на вашиот профил се појавуваат OneCoin монети. Колку поскап пакет ќе купевте, толку повеќе токени добивавте, а со тоа и повеќе „монети“.

Виртуелната берза xCoinx и лажното движење на цената

За да ја одржи илузијата дека OneCoin е вистинска валута со која се тргува, компанијата креираше своја, затворена интерна берза наречена xCoinx. Оваа берза беше достапна само за членовите кои веќе купиле пакети.

Цената на OneCoin на оваа платформа се движеше во постојан, математички совршен раст, што е невозможно за кој било реален пазар:

На самиот почеток во 2015 година, цената на една монета започна од околу 0,50 евра.

Како што се ширеше шемата и влегуваа сè повеќе пари, Ружа и нејзиниот тим рачно ја креваа вредноста. Во 2016 година цената веќе надмина 5 евра, за набрзо да достигне 7 евра и 9 евра.

Пред самиот колапс и бегството на Ружа Игнатова во 2017 година, на нивната платформа пишуваше дека еден OneCoin вреди речиси 30 евра (околу 29,95 евра).

Овој константен раст на графиконот беше главната алатка за перење мозоци. На членовите им се прикажуваа бројки на екранот кои велеа: „Твоите 1.000 евра сега вредат 50.000 евра!“.

Стапицата: Зошто никој не можеше да ги извади парите?

Големиот шок за инвеститорите настана кога се обидоа да ги продадат своите монети и да ги претворат во вистински евра. Берзата xCoinx имаше строги дневни и неделни лимити за тоа колку монети може да се продадат.

На пример, на обичните членови им беше дозволено да продадат само неколку монети неделно. Дополнително, системот постојано „паѓаше“, трансакциите со недели беа „во обработка“, или берзата се затвораше поради „техничко одржување“.

Во јануари 2017 година, интерната берза xCoinx беше трајно затворена. Без никакво претходно предупредување и објаснување. Тоа беше моментот кога милиони луѓе сфатија дека бројките на нивните екрани се само виртуелно мастило и дека нивните вистински пари исчезнале засекогаш на офшор сметките на „Крипто-кралицата“ – Ружа Игнатова.

Опсег на штетата: Милијарди долари и милиони жртви

Операцијата на OneCoin траеше во својот полн ек речиси четири години (од 2014 до крајот на 2017/2018 година), иако некои нејзини ограноци продолжија да функционираат и подоцна.

Шемата имаше глобален карактер. Се оперираше во над 175 земји ширум светот, со посебен фокус на Европа, Азија, Африка и Латинска Америка. Оштетени беа и илјадници граѓани од Балканот.

Колку пари беа украдени? Според официјалните податоци од истрагата на американското обвинителство, OneCoin успеа да извлече над 4 милијарди долари од наивните инвеститори. Некои независни истраги и новинарски репортажи (како онаа на BBC) проценуваат дека реалната бројка на украдени пари е поблиску до 15 милијарди долари.

КОЈА Е ЛЕКЦИЈАТА ЗА КРИПТО-ЗАЕДНИЦАТА?

OneCoin не пропадна поради пад на пазарот или технички баг. Пропадна затоа што од самиот почеток беше дизајниран како измама. Овој случај останува најголемиот потсетник за три златни правила во крипто-светот:

Проверете го блокчеинот: Ако „криптовалутата“ не може да се следи на јавен блокчеин пребарувач (explorer) и не е излистана на релевантно независни берзи, таа не постои.

Пазете се од МЛМ (мулти-левел маркетинг): Ако главниот начин за заработка е носење нови луѓе под вас, веднаш бегајте.

Ако звучи премногу добро за да биде вистинито, веројатно е измама: Гарантиран профит без ризик во крипто-светот НЕ ПОСТОИ.

ЗАКЛУЧОК: КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ НОВ OneCoin ВО ИДНИНА?

Приказната за OneCoin не е само хроника на една измама во многу милијарди. Таа е најважната лекција по дигитална писменост за секој кој чекори во Web3 просторот.

Ружа Игнатова не ги измами луѓето затоа што имаше супериорна технологија, туку затоа што ја искористи нивната примарна човечка слабост – FOMO (стравот да не се пропушти шансата) и желбата за брзо богатење без труд.

Како што крипто-пазарот еволуира, измамите стануваат посуптилни, попрефинети и потешки за откривање. Денес тие поретко се пакуваат како МЛМ пакети како во минатото. Денес често се кријат зад лажни DeFi протоколи, изманипулирани паметни договори (smart contracts) или агресивно промовирани мем-монети (meme coins) без никаква реална корисна вредност (utility).

Затоа, тимот на cryptool.pro ве потсетува на златниот закон на децентрализацијата: „Не верувај, туку провери!“ (Don’t trust, verify!).

Пред да инвестирате во кој било проект:

Барајте го неговиот јавен изворен код на GitHub.

Проверете дали мрежата е навистина децентрализирана или зависи од клучот на неколку поединци.

Избегнувајте платформи кои ви ветуваат фиксна, загарантирана заработка и ве присилуваат да носите нови членови.

Пазарот наградува знаење, трпение и истражување. Измамите успеваат само таму каде што има недостиг од информации. Бидете информирани, бидете скептични и градете го вашето крипто-портфолио со ум, а не со емоции.

Редакција Капитал

Редакција Капитал

...само идејата е Капитал, а сè друго е пари...

Напишете коментар

Your email address will not be published.

оди наВРВ