Сепаратистите однесоа убедлива победа на вчерашните избори во Каталонија
Објавено на од во Политика

Сепартистичките партии кои се залагаат за отцепување на Каталонија од Шпанија, однесоа убедлива победа на вчерашните избори во овој регион, пренесуваат тамошните медиуми.

Последните резултати покажуваат дека овие партии обезбедија 72 од 125 седишта во парламентот што е повеќе од потребното апсолутно мнозинство кое според тамошните закони изнесува 68 пратеници.

Ваквиот резултат му донесе силна главоболка на шпанскиот премиер Мариано Рахој, кој е само три месеци пред распишување на редовните парламентарни избори. Неговата партија, која е против независност на Каталонија и против одржување на референдумот, овој план за сепарација го нарече „бесмислен“ и вети дека ќе го блокира во суд.

Инаку, според шпанскиот устав не е дозволени ниту еден регион да се отцепи, па така евентуалното отцепување на Каталонија засега останува само хипотетичко.

Како и да е гласањето во Каталонија што се случи вчера, кој пак е вториот најнаселен регион во Шпанија, се очекува да има силно влијание на курсот на изборите кои се закажани за во декември.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×