„Северен тек 2“ не е во заеднички интерес на ЕУ, објави еврокомесарката Вестагер
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Проектот „Северен тек 2“ што треба да обезбеди руски гас за Германија по дното на Балтичкото море, не е во заеднички интерес на Европската унија. Ова го објави еврокомесарката за конкуренција, Маргарет Вестагер, како што цитираше Ројтерс.

Таа одново потсети на позицијата на Европската комисија, дека проектот не им помага на напорите на ЕУ да го реформира енергетскиот пазар и да ја намали зависноста од рускиот гас.

Германскиот регулатор неодамна отстрани уште една од пречките пред проектот, откако заклучи дека таканаречениот Трет енергетски пакет што го регулира внатрешниот пазар на ЕУ во секторот, не се однесува на гасоводот што ќе ги поврзува Русија и Германија. Причината за тоа е што проектот се смета за проширување на „Северен тек“, кој е изграден пред да влезат во сила правилата на Третиот енергетски пакет.

Во меѓувреме рускиот печат објави дека во „Гаспром“ решиле да инвестираат околу 1,8 милијарди евра во 2017 година за гасоводот, што е околу двојно повеќе од првично предвиденото. Руски „Комерсант“ толкува дека „Гаспром“ донел ваква одлука зашто не може да смета на учеството на други европски компании во проектот.

Првично се сметаше дека во проектната компанија, ќерка на „Гаспром“, рускиот гигант ќе има 50% удел, а останатото ќе се распредели меѓу Shell, Engie, E.on, OMV и Wintershall. Поради несигурноста на проектот поврзана со правилата на ЕУ за гасниот пазар, европските компании се повлекоа. Моментално „Гаспром“ е сопственик на 100% од акциите во проектната компанија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×