Северна Кореја ги хакирала телефоните на политичарите од Јужна Кореја
Објавено на од во Политика

Јужнокорејската разузнавачка агенција ја обвини Северна Кореја дека им ги хакирала телефоните на повеќе од 10 официјални лица на Јужна Кореја, од кои украла текстуални и гласовни пораки, како и листа на повици.image

Во соопштението на Националната безбедносна служба на Јужна Кореја се наведува дека хакирањето е направено кон крајот на февруари и почетокот на март, а притоа не е наведено за кои точно политичари и официјални лица станува збор.

Северна Кореја неуспешно се обидела да го хакира и мејлот на јужнокорејската железница на почетокот на оваа година, во склоп на подготовките за сајбер напад на контролниот систем на оваа железници, пишува во соопштението на Националната безбедносна служба.

Инаку, официјалните лица на Јужна Кореја повеќе пати годинава ја обвинија Северна Кореја за сајбер напади, но Северна Кореја тоа го демантираше.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×