Северна Кореја ги повикува сите Корејци да придонесат за обединување со Јужна Кореја
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Севернокорејската власт објави проглас во кој ги повикува „сите Корејци во земјата и во странство“ да „промовираат контакт и соработка меѓу Северна и Јужна Кореја“, и оваа година да ја направат „знаменита“ за историјата на земјата.

Во прогласот Корејците се повикани да „ги здружат напорите во настојување да ги унапредат односите на северот и на југот, и да направат чекор кон обединување“.

„Ајде, што порано да ги унапредиме односите на северот и на југот и да го отвориме широкиот пат на розовата иднина на нацијата која одново ќе биде обединета, силна и успешна“, се наведува во прогласот.

Таму се повикува на „одлучно спротивставување на сите препреки“ на патот на подобрување на односите, на ублажување на воената напнатост и на создавање мирољубива клима на корејскиот полуостров.

„Да промовираме контакти, патувања и размена меѓу северот и југот за да ги снема поделбите“, се вели во повикот.

„Ги повикуваме сите Корејци цврсто да веруваат во светлата иднина на нацијата и сите како еден да се борат за светата цел, оваа година да ја направат важна, на големи промени што вечно ќе сјаат во историјата на националното обединување“.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во новогодишното обраќање повика на обединување на двете држави, оценувајќи дека 2018 година е значајна и за северот кој одбележува 70 години постоење, а и за југот кој е домаќин на Зимските олимписки игри.

Двете Кореи договорија настап на севернокорејски спортисти на игрите, заедничко дефиле на отворањето под знамето на обединета Кореја и заедничка репрезентација во женски хокеј.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×