Северна Кореја го стави нуклеарниот арсенал на готовс
Објавено на од во Политика

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг – ун рече дека нуклеарниот арсенал на неговата земја мора да биде секој момент подготвен за употреба, на што САД и Русија веднаш реагираа и побараа од Пјонјанг да се воздржи од провокативни акции.

380180_Kim-Jong-un„Мораме да бидеме подготвени во било кој момент да можеме да го употребиме нашиот нуклеарен арсенал“, рече лидерот на Северна Кореја.

На оваа изјава реагираше и претседателката на Јужна Кореја, Парк Геун- хи.

„Доколку Северна Кореја направи некоја провокација, мораме да одговориме со остра казна со цел јасно да покажеме колкава цена мора да плати Северна Кореја и колку ние сме решени да ја заштитиме нашата земја“, рече таа.

Од САД реагираа:

„Бараме од Северна Кореја да се воздржи од провокативни акции кои ја зголемуваат напнатоста и место тоа, да се фокусираат на исполнување на меѓународните обврски“.

Од Русија пак изразија надеж дека Северна Кореја ќе извлече поука од уште поострите санкции кои ги воведен ООН за Северна Кореја и дека ќе се врати на преговарачка маса.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×